Kuran i Kerim Ел-Анкебут (Пајажина)

Status
Tema je Zatvorena

Boots

Urednik
Urednik Foruma
ViP Član
Regist
11-03-2024
Poruka
3,375
Reakcije
79
Bodovi
216
СУРА

ЕЛ-АНКЕБУТ(Пајажина)

Мекка - 69 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, мим!

2. Мислат ли луѓето дека ќе бидат оставени да речат” Веруваме “, а да не се стават во искушение.

3. Ние веќе и оние пред нив ги ставивме во искушение. Аллах сигурно добро ги познава оние кои вистина зборуваат и оние кои лажат,

4. или мислеа ли оние кои работеа злодела дека ќе Ни се оддалечат? Е, само колку е лошо она што го просудуваат!

5. Оној кој се надева на средбата со Аллах... та, часот на Аллах ќе дојде. Он е Слушач и Зналец!

6. А оној кој се бори... та, се бори за себеси. Аллах, навистина, е Независен од световите!

7. А оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние сигурно ќе им ги отстраниме злоделата нивни и ќе ги наградиме со најдобра награда за она што го работеа.

8. И Ние го задолживме човекот да се однесува убаво кон родителите свои. А ако се трудат да Ми припишуваат здруженик, а немаш никакво знаење за тоа, тогаш, немој да ги слушаш. Кон Мене води враќањето ваше па јас ќе ве известам за она што го работевте.

9. А оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние ќе ги воведеме меѓу добрите.

10. Меѓу луѓето има и такви кои зборуваат: - “Веруваме во Аллах” - а кога ќе им се случи незгода по патот на Аллах, мислат дека сплетката на луѓето е како казната на Аллах. А ако им дојде помош од Господарот твој, сигурно ќе речат: “Ние, навистина, бевме со вас!” - Нели е Аллах Оној кој добро го знае она што е во градите на луѓето?

11. И Аллах, секако, ги знае оние кои веруваат, а секако ги знае и лицемерните!

12. Оние кои не веруваат им зборуваат на оние кои веруваат: “Следете го патот наш, зашто ќе ги понесеме, навистина, гревовите ваши!” - Оние не можат да понесат ниеден грев свој; лашковци се, навистина!

13. Ќе го понесат сигурно бремето свое, а и бремето со другите бремиња свои. А на Денот суден ќе одговараат за она што го сплеткареа.

14. И Нух веќе Ние го испративме до народот негов, и тој остана меѓу нив илјада, помалку педесет години. Па ги погоди потопот, зашто беа зулумќари.

15. Па, Ние ги избавивме Нуха и луѓето на бродот, и ги определивме како знамение за световите.

16. И Ибрахим, исто така, кога му рече на народот свој: “Обожавајте го Аллаха и плашете се од него. Ете, тоа ви е подобро ако знаете.

17. Вие ги обожававте киповите а не Аллаха, навистина! И лага создавате. Оние кои, секако, обожаваат друг бог, освен Аллах, не поседуваат ‘рск за вас. Та, од Аллах посакувајте ‘рск; обожавајте Го и бидете Му благодарни. Нему ќе Му се вратите!”

18. А ако го сметате за лашко... та, и народот пред вас ги сметаше за лашковци. Пејгамберот е должен само да извести јасно!

19. Не гледаат ли како Аллах го почнува создавањето, и како го возобновува? Ете, тоа за Аллах е лесно, навистина!

20. Кажи: “Патувајте по земјата па погледнете како започна создавањето. Потоа Аллах тоа ќе го создаде на Денот суден.” Аллах, навистина, е Кадар за се!

21. Он казнува кого сака и Он се смилува кому сака; и Нему ќе Му се вратите!

22. Не ќе можете да ја избегнете казната ни на Земјата ни на небото. Вие, освен Аллах, немате ни заштитник ни поддржник!

23. Оние кои не веруваат во знаменијата Аллахови и во средбата со Него... онаквите не тагуваат за милоста Моја; за нив има казна болна!

24. Одговорот на народот на Ибрахим беше: “Убијте го или фрлете го во оган!” Па, Аллах го избави од огнот. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат.

25. И Ибрахим рече: “Да, вие прифативте други божества, освен Аллах, заради наклоноста едникондруги во животот на овој свет. Потоа, на Денот суден, не ќе признаваат еднисодруги, ќе се проколнуваат еднисодруги - а огнот е престојувалиштето ваше. Не ќе имате никакви поддржници!

26. И Лут нему му поверува, и рече: “Јас сум, навистина, патник кон Господарот мој. Он, секако, е Силен и Мудар!”

27. И Ние му го подаривме Исхака и Јакуба, а на потомството негово и пратеништво и Книга му дадовме. И му ја дадовме наградата на овој свет, а на Ахирет тој ќе биде, навистина, меѓу добрите!

28. И кога Лут му рече на народот свој: “Вие, навистина, правите срамно дело во кое никој пред вас меѓу луѓето не претходеше.”

29. На мажите ли ќе им пристапувате, и патиштата ли ќе ги пресечувате, и на состаноците ваши ли срамно дело ќе правите? Одговорот нивни беше само следното тврдење: “Дај ни ја казната Аллахова ако си меѓу искрените!”

30. Лут рече: “Господаре мој, помогни ни против народот безреднички!”

31. И бидејќи гласниците Наши му дојдоа на Ибрахим со радосница, рекоа: “Да, ние ќе ги уништиме жителите на овој град. Жителите негови, секако, се зулумќарите!”

32. Ибрахим рече: “Да, во него живее Лут.” Рекоа: “Ние најдобро знаеме кој живее во него. Ќе го спасиме него и семејството негово, но не и жената негова, зашто таа беше меѓу казнетите.”

33. И бидејќи гласниците Наши му дојдоа на Лут, почувствува неудобност; градите му се стеснаа. - Рекоа: “Не плаши се и не тагувај! Тебе и семејството твое, навистина, ќе ве спасиме, но не и жената твоја која, всушност, е меѓу казнетите!”
34. Да, на жителите од овој град ќе им спуштиме казна од небо заради пакоста што ја правеа.

35. Ние знамение јасно оставивме од него за луѓето кои сфаќаат.

36. И до Медјен дојде братот нивни Шуајб, па рече: “О народе мој, обожавајте Го Аллаха, надевајте се во Денот ахиретски и не сејте по земјата безредие!”

37. Па, го сметаа за лашко и, ете, ги погоди земјотрес: останаа во домовите нивни, скаменети!

38. И Ад и Семуд, исто така! Да, ви беше јасно она што се случи со становите нивни. И Шејтанот им ги разубави делата нивни и ги одврати од патот, а тоа јасно го гледаа.

39. И Карун, и фараонот и Хаман, исто така! Им дојде Муса со јаснотии, и се дуеја по земјата, и казната не ја избегнаа.

40. Да, Ние ги казнивме заради гревовите негови. На некои од нив Ние им испративме страшен глас, на некои од нив им испративме глас силен, а некои од нив, пак, ги згмечивме во земјата, а некои, пак, ги потопивме. Но, Аллах никаков зулум не им направи, оние самите зулум си направија!

41. Оние кои прифатија други заштитници, освен Аллах, се слични на пајажина која си го плете домот. А најслабиот дом, навистина, е домот на пајажината. Е, само кога би знаеле!

42. Да, Аллах ги знае оние кои, освен Аллах, се повикуваат. Он е Силен и Мудар!

43. И овие примери Ние ти ги изнесуваме за луѓето. И само зналците нив ги сфаќаат.

44. И небесата и земјата Аллах ги создаде со вистина. Ете, во тоа, навистина, има знамение за верниците!

45. И кажувај го од Книгата она што ти се вдахнува, и намаз извршувај. Намазот, навистина, те одвраќа од пакоста и од срамното дело. Споменувањето на Аллах, секако, е најголема работа. Аллах го знае она што го правите!
жените. Па вие сте луѓе кои не знаете!”

46. И не расправајте со Следбениците на Книгата, освен на најдобар начин, а не и со оние меѓу нив кои зулум направија. И кажете: “Веруваме и во она што ни се објавува и во она што ви се објавува. И нашиот и вашиот Бог е еден Бог; ние сме само Нему Послушни.”

47. Ете, така Ние ти ја објавивме Книгата. Па, оние на кои Книга им дадовме веруваат во неа. И меѓу нив, исто така, има кои веруваат во неа. А за ајетите Наши расправаат само неверниците.

48. Ти пред неа не кажуваше ниту една Книга, а не ја пишуваше ни со твојата десна рака... во овој случај ќе се посомневаа оние кои невистина зборуваа.

49. Книгата ја сочинуваат ајетите јасни во градите на оние со даденото им знаење. И за ајетите Наши расправаат само неверниците.

50. И зборуваат: “Зошто не му се објавуваат знаменија од Господарот негов?” Кажи: “Знаменијата се, навистина, кај Аллах. Јас сум само опоменувач јасен!”

51. Не се задоволуваат ли со тоа што Ние, секако, ти објавивме Книга која им се кажува? Ете, во тоа, навистина, има милост и опомена за луѓето кои веруваат!

52. Кажи: “Аллах е доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. Го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата. Оние кои во неисправното веруваат и кои не веруваат во Аллах, токму, се поразените.

53. И оние посакуваат од тебе што побрзо да им дојде казната. А да нема рок определен, казната, секако, ќе им дојдеше. Несреќата ќе им дојде, навистина, ненадејно, без и да усетат.

54. И оние посакуваат од тебе што побрзо да им дојде казната. А Џехеннемот, секако, ќе ги опфати неверниците:

55. на Денот кога ќе ги обземе казната и над нив и под нив, и кога ќе им се рече: “Искусете го она што го работевте!”

56. О робови мои, вие кои верувате, Земјата Моја е широка - та, само Мене обожавајте Ме!

57. Секој човек ќе ја проба смртта. Потоа Нам ќе ни се вратите.

58. А на оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние ќе ги известиме дека во Џеннетот има одаи под кои реки течат, и во нив за навек ќе останат. Е, само колку е убава наградата за трудољубивите:

59. оние кои беа трпеливи и кои се потпираа врз Господарот свој.

60. И колку животни има кои не си го стекнуваат ‘рскот нивни. Нив и вас Аллах ве храни. Он е Слушач и Зналец!

61. А кога, пак, би ги прашал: Кој ги создаде небесата и Земјата, и кој ги потчини Сонцето и Месечината, сигурно ќе речат: “Аллах!” Па, тогаш каде сте кинисале?!

62. Аллах дава ‘рск кому сака од робовите Свои, и Он му одредува мера. Аллах, навистина, знае се!

63 А кога, пак, би ги прашал: “Кој спушта вода од небесата, со која ја оживува земјата по мртвилото нејзино? “ Сигурно ќе речат: “Аллах!” Кажи: “Благодарение на Аллах!” Но, мнозинството од нив не сфаќаат.

64. Животот на овој свет е само игра и забава; животот во Куќата ахиретска, секако, е вистинскиот. Е, кога би знаеле!

65. Кога ќе се качат во чамецот го повикуваат Аллаха, чисто, исповедувајќи ја верата, и бидејќи ќе ги избави на копно, ете, здруженик Му припишуваат,

66. за да бидат незаблагодарни за она што Ние им го дадовме, и за да уживаат; па, ќе узнаат!

67. Не гледаат ли дека Ние харемот го направивме безбеден? Околу него луѓето еднисодруги се крадат. Па, во невистината ли веруваат, а благодатот Аллахов не го признаваат?

68. И кој е поголем зулумќар од оној кој измислува лага врз Аллах, или кој ја смета лажна Вистината а веќе таа им дојде? Нели во Џехеннемот е престојувалиштето за неверниците?

69. А оние кои се борат за Нас ќе ги упатиме по патиштата Наши. Аллах, навистина, е со доброчинителите!​
 
Status
Tema je Zatvorena

Best Teme

Istaknute Teme

Best Resursi

Nazad
Top Bottom