Ислам
„Денес ви ја надополнив вашата религија. Го исполнив благодетот Мој кон вас, и го избрав Исламот за вас како религија.”1
(Светиот Куран)
Буквалното значење на Исламот е мир, благосостојба и предавање. Исламот е сопствен избор и желба, без никаква принуда, обраќање кон Аллах со искрена посветеност и прифаќање на Неговите наредби и забрани безусловно. Личноста која го прифаќа Исламот како религија и се придржува до неговите правила се нарекува „Муслиман”.
Исламот е последната религија испратена од Семоќниот Аллах преку Последниот Пророк Мухаммед (а.с). Таа е совршен систем на верување, обожување и морал кој ќе трае до поттоп на светот. Затоа што кога религиите што Тој ги испрати пред Исламот беа расипани од човечка рака, нашиот Господ го испрати Исламот за да го потсети човештвото уште еднаш на божествените правила.
Разликата на Исламот од другите религии е во тоа што го привлекува целото човештво и важи до последниот ден на светот. Пророкот на Исламот е Мухаммед (а.с.), а неговата книга е Куранот. Куранот е конечната и целосна верзија на откровението што почна да стигнува со Пророкот Адам. Отсега нема да доаѓа друга религија после Исламот, пророк по Пророкот Мухаммед, друга книга по Куранот.
Сите принципи на религијата Ислам се засноваат на заштитата на човекот и на величествената рамнотежа создадена од Аллах. Целта на Исламот е да го води човекот во воспостовување здрава комуникација со себе, својот Господ, другите луѓе и живите и неживите суштества во природата. На овој начин ќе се обезбеди и индивидуален и социјален мир, а на земјата ќе завладее правдата и милоста. Овие принципи се дискутираат под три главни наслови: Вера, обожување и морални принципи.