- Pokretač Teme
- Urednik
5.00 star(s)
1 Ocjena
- Ocjena
Последната Света Книга: Куран-и Керим
„Ви оставам такво нешто што никогаш нема да залутите додека го следите. Таа е Аллаховата книга.”1
(Пророкот Мухаммед(а.с.))
Куранот е последното откровение, последната книга, преку која Семоќниот Аллах му се обратил на човештвото преку нашиот Пророк. Аллах јасно кажува дека Тој лично го испратил и дека лично ќе го штити до Судниот ден. Најистакната карактеристика на Куранот која што го разликува од другите божевствени книги, е тоа што тој не бил испратен до некој регион или некоја нација, туку до целото човештво и никогаш нема да се промени.
За да може човекот да стане Муслиман, неопходно е да верува во Куранот. Куранот е главниот извор на Исламската религија. Со објавувањето на Куранот, Исламот почна да стигнува до човештвото, а со завршување на објавувањето на Куранот, Исламот го достигна совршенство.
Куранот е совет од нашиот Господ и исцелување за срцата. Најубавиот од зборовите, најголемото чудо на нашиот Пророк. Тој е цврсто јаже, извор на водство и средство за милосрдие, кој луѓето треба да го прегрнат заедно и цврсто.
Среќата на овој свет и на судниот ден за човекот е скриена во Куранот. Објаснувањето на прашањата кои не можат да се согласуваат за човештвото и информациите за многу настани за минатото и иднината се вклучени во Куранот. Принципите на верата, обожувањето и моралот се одредени со Куранот.
Читањето, поучувањето, учењето и предавањето на Куранот е и одговорност и награда за Муслиманот. Се разбира, Куранот не е испратен само за да се чита. Исто така е дојден за луѓето да размислуваат за него, да се трудат да го разберат и да водат живот во согласност со неговите ајети. Оној кој најдобро ги разбира, објаснува и пренесува пораките од Куранот во својот живот е нашиот Пророк. Затоа, најидеалниот избор за секој кој сака да оди по правиот пат осветлен од Куранот е да го земе животот на Пророкот Мухаммед (а.с.) како модел.