Верување во Пејгамберите

Исламски Tеми Верување во Пејгамберите

Верување во Пророците (Пејгамберите)

„Оние кои не веруваат во Аллах и во Неговите пророци, правејќи разлика меѓу Аллах и Неговите Пророци и велат: ’Ние веруваме во некои од нив, но не веруваме во некои‘ и оние кои сакаат да направат пат помеѓу верувањето и неверувањето! Еве тие се вистинските неверници.“1

(Светиот Куран)

Пророците се луѓе избрани од Аллах и доделени да ги пренесуваат божествените пораки до луѓето. Верување во пророците; Тоа значи да се прифати дека тие се благословени пратеници на Аллах и да се верува во сè што тие пренецуваат од Аллах.

Верувањето во пророците е едно од верувањата на Исламот. Иако меѓу нив има многу видови разлики и супериорности, според Исламот, кога станува збор за верата, не постои разлика меѓу пророците и објавата што им е објавена. Затоа, Муслиманот ги прифаќа сите пророци без разлика, се сеќава на нив со љубов и почит, го зема нивниот пример и го следи Последниот Пророк.

Хазрети Адам кој што е првиот човек во исто време е и првиот пророк. Последниот пророк е Пророкот Мухаммед Мустафа. Семоќниот Аллах никогаш не го оставил човештвото без водич, без пример, без водач или без пророк. Помеѓу овие двајца пророци, многу пророци чии имиња се познати или непознати, на кои книга им била испратена или не, дошле и заминале. Нивниот повик е ист: Покорувајте му се на Аллах!

Пророците се одговорни за пренесување на пораката на Аллах целосно и без прекумерно. Но, нивната единствена должност не е пренесување информации, односно „соопштение”. Во исто време, должност на пророците е да го објаснуваат божественото знаење, да живеат во согласност со него и да бидат пример за луѓето. Како пример во Куранот се раскажани приказните за пророците, кои на овој пат трпеле многу неволји и маки, а понекогаш покажувале чуда со Аллаховата дозвола.

Иако човечкиот ум има потенцијал да сфати дека постои Врховен Творец, тој можел да ги научи заповедите на Создателот само преку гласниците што Тој ги испратил. Затоа, на личноста која сака да ги почитува Аллаховите наредби и да ги избегнува Неговите забрани, му треба пророчки пример. За да се верува во божествените книги, пред сè, неопходно е да се верува во пророкот на кој му е испратена оваа книга.

Пророците се личности кои се суштински, искрени, доверливи, интелигентни, толерантни и заштитени од гревови. Тие се оние кои им ги читаат Аллаховите ајети на луѓето, ги учат на книга и мудрост, ги повикуваат на вера во единственоста на Аллах и добрина и ги чистат од негирање и зло. Несомнено е дека последната и најсовршената алка во синџирот на пророштвото бил Мухаммед (а.с.).​
 

Brza Prijava

Morate biti član da biste učestvovali u diskusiji

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Click Here To Donate

Best Teme

  • Islamska Pitanja
  • Radio BiR   Slušaj Uživo

    Best Resursi

    Nazad
    Top Bottom