За Аллах, во чии раце е моето постоење

Исламски Tеми За Аллах, во чии раце е моето постоење

Вера

„За Аллах, во чии раце е моето постоење, не може да влезете во рајот доколку не верувате. Нема да имате верба додека не се сакате еден со друг.”1

(Пророкот Мухаммед(а.с.))

(Пророкот Мухаммед(а.с.))

Влегувањето на една личност во Религијата на Исламот се случува само со неговото верување. Вера е верување во постоењето и единството на Аллах, во Неговите мелеки, во книгите што Тој ги објави, во пророците што Тој ги испрати, во судскиот ден и во судбината. Додека верникот е личност која ги прифаќа принципите на верување во Исламот, верува во нив, го изразува своето верување со својот јазик и го рефлектира во својот живот.

Буквалното значење на верата е да се биде безбеден и да се ослободи од страв. Верникот е безбеден од секакви стравови со верување и доверба во Аллах. На неговиот живот доаѓа смисла и мир. Неговата самодоверба станува посилна, добива упорност и истрајност пред тешкотиите.

Верата го одделечува човекот од лоши зборови и постапки. Таа го штити од заблуди и водење на немирен и збунет живот. На тој начин човекот станува доверлив човек кој шири добрина и го спречува злото во своето семејство, соседството, градот, земјата и целиот свет.

Постојат шест основни принципи на верата. Тоа се; верување во Аллах, мелеки, книги, пророци, ахирет и судбина.​
 

Brza Prijava

Morate biti član da biste učestvovali u diskusiji

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Click Here To Donate

Best Teme

  • Islamska Pitanja
  • Radio BiR   Slušaj Uživo

    Best Resursi

    Nazad
    Top Bottom