Зеќат и Милостина

Исламски Tеми Зеќат и Милостина

Зеќат и Милостина

„Оние кои веруваат и кои работаат добри дела, кои исправно извршуваат намаз и кои даваат зеќат, нивната награда е кај Господарот нивни. Оние не ќе стравуваат. Оние и не ќе тагуваат.”1

(Светиот Куран)

Помагањето на луѓето, поддршката на сиромашните и зајакнувањето на послабите делови од општеството се меѓу истакнатите карактеристики на Муслиманскиот морал. Во религијата Ислам трансформацијата на овие добротворни активности во институционална структура се случува со системот зеќат.

Зеќатот е еден од петте основни столбови на Исламот. Зеќатот е распределба на одредена сума од богаството на Муслиман кој се смета за богат според религија, на сиромашните групи утврдени со Куранот, чисто за задоволство на Аллах. Заштедите кои генерираат приход, како што се златото, среброто, комерцијалните добра, земјоделските култури и животните имаат зеќат во износи утврдени со Куранот и Суннетот.

Зеќат не доведува до намалување на богаството, напротив, тој е средство за очистување, за благослов и за неговото претворање во награда на Ахирет. Додека карактеристиките на верниците се набројани во Куранот, во многу ајети еден по друг се споменува дека тие ги извршуваат намазот и го даваат зеќатот. Овие ајети го опишуваат моделот на човекот кој целото свое постоење му го посветува на Аллах обожувајќи го Аллах и со своето тело и со својот имот.

Според Исламот, освен обврската на богатиот да дава зеќат, секој може да дава „милостина” без разлика дали е богат или сиромашен, односно да го израдува другиот надополнувајќи некој недостаток, давајќи му донација од срце. Милостината нема граници, место и време. Секакви добри дела и материјални и духовни, се прифаќаат како милостина.

Како што за гладниот хранењето е милостина, така за болниот посетата на него ќе биде милостина. Милостина е и таткото да носи храна во својата куќа, а мајката да готви со неа и да го прехрани своето семејството. Добриот збор, искрениот совет, насмеаното лице, повикувањето на доброто и забранувањето на злото, служењето на патниците и на гостите, преземањето на товарот на постарите, заштитата на животните со сочувство, поучувањето на знаењето и многу други добри дела се во делот на милостината.

Семоќниот Аллах на секого му дава имот, без да ги двои како верници или неверници. Но, тоа што едно лице поседува имот не значи дека е вредна личност. Она што ќе го направи сопственикот вреден е да ја знае вредноста на благословот во неговата рака и да ја исполни неговата благодарност. Благодарноста на стоката е да се верува дека вистинскиот сопственик на имотот е Аллах и да се плати за тоа знаејќи дека и сиромашните имаат право на тој имот.

Исламот не го смета за лошо поседувањето и трупањето на имотот. Затоа што, се додека богатиот верник ги троши своите материјални средства на патот на добрината, тој и самиот заработува и придонесува за доброто на општеството. Најлошиот имот во Исламот е имотот кој лакомо се акумулира и се држи со скржавост без да се земат предвид правата на сиромашните.

Друго важно прашење во зеќатот и милостината е неговото давање во понизност и доверливост. Никогаш не е прифатливо сиромашните да бидат повредени, помошта да се направе со приговор и зазбор, донациите да се претвораат во реклками.

Можно е човек да биде успешен на искушението со имотот, само ако ја земе под контрола љубовта кон имотот и се грижи за другите луѓе. Човекот со давање зеќат и милостина се ослободува од скржавоста и да биде заробеник на материјата и профитот. Тој превикнува на великодушноста уживајќи во споделувањето. Со туркање на чувството ‘јас’ настрана, тој ја сфаќа вредноста на чувството ‘ние’.

Овој свет, со сите негови убавини и богаства, е привремен и минлив. Она што е трајно е инвестицијата во верата и во добрите дела, односно во добрината. Човекот е повереник. (Аманетен) Вистинскиот богат го допира животот на човекот со зеќатот даден од срце; кој изградил училишта, џамии и чешми со добротворни цели; Тој е личност која ги воспитува луѓето споделувајќи го своето знаење.​
 

Brza Prijava

Morate biti član da biste učestvovali u diskusiji

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Click Here To Donate

Best Teme

  • Islamska Pitanja
  • Radio BiR   Slušaj Uživo

    Best Resursi

    Nazad
    Top Bottom