- Regist
- 11-03-2024
- Poruka
- 5,166
- Reakcije
- 289
- Bodovi
- 218

СУРА
ЕЛ-АРАФ (Бедеми)
Мекка - 206 ајети
Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
1. Елиф, Лам, Мим, Сад!
2. Книга која ти се објавува! Па, нека во градите твои не ти се стеснува од неа за да не опоменуваш со неа. Опомена за верниците:
3 следете го она што ви се објавува од Господарот ваш и не следете, освен Него, други заштитници! Малку е она врз што вие се сеќавате!
4. И колку градови Ние уништивме! До нив, тогаш, допре строгоста Наша додека се одмараа ноќе или додека отседнуваа дење.
5. Ништо не можеа да повикаат, кога ќе им дојдеше Нашата строгост, освен што ќе речеа: “Ние бевме, навистина, зулумќари!”
6. Ние ќе ги повикаме на одговорност оние на кои им се испратени пејгамбери, секако, а ќе ги повикаме на одговорност и пејгамберите, навистина!
7. И потоа, сигурно, Ние ќе им го кажуваме се она, по Наше знаење, зашто, навистина, не бевме отсутни!
8. И на Денот тој праведно ќе се мери на вага. И оние чии ваги ќе натежнат - се спасени!
9. А оние чии дела се полесни на вагите, тогаш, ќе страдаат душите нивни. Зашто ајетите Наши, секако, не ги признаваат.
10. И на земјата Ние веќе ве сместивме и на неа ви определивме животни намирници. Малку е она за што се заблагодарувате.
11. И, секако, Ние ве создадовме; ви дадовме изглед, потоа им рековме на мелеките: “Паднете му на сеџде на Адем!” - Сите паднаа на сеџде, а Иблисот не. Не беше меѓу оние кои паднаа на сеџде.
12. Аллах рече: “Што те спречи па да не паднеш на сеџде кога веќе ти наредив?” Иблис рече: “Јас сум подобар од него. Мене ме создаде од оган а него го создаде од глина.”
13. Аллах рече: “Слегувај од него, тогаш! Не ти доликува во Џеннетот да се дуваш. Излегувај, ти си, навистина, меѓу понижените!”
14. Иблис рече: “Дај ми рок до Денот во кој ќе бидат оживеани.”
15. Аллах рече: “Ти си, навистина, меѓу оние на кои им е даден рок.”
16. Иблис рече: “Но затоа што ме заведе, јас, сосем сигурно, ќе им поставам стапици на Твојот пат вистински.
17. Потоа ќе им приоѓам пред нив и зад нив, и од нивната лева страна и од нивната десна страна и ќе ги најдеш, мнозинството од нив, неблагодарни.”
18. А Аллах рече: “Излези од него, понижен и отфрлен! Со оние што те следат од нив, и оние од вас, и со сите тие, ќе го исполнам Џехеннемот, навистина!”
19. О Адеме, живејте ти и жената твоја во Џеннетот, и јадете од каде што сакате и не приближувајте се кон ова стебло зашто ќе бидете меѓу зулумќарите!
20. Па Шејтанот им шепна за да им го открие она што еденадруг им беше скриено, нивните срамни места, и рече: “Господарот ваш ви го забрани ова стебло за да не станете мелеки или да не бидете за навек;” -
21. и им се колнеше: “Јас сум, навистина, ваш советник.”
22. И ги заведе со измамата. Бидејќи вкусија од стеблото им се покажаа нивните срамни места и почнаа да ги покриваат со џеннетско лисје. И Господарот нивни им рече: “Нели ви го забранив стеблото и нели ви реков дека Шејтанот, навистина, е вашиот јасен непријател!”
23. Рекоа: “Господаре наш, сами себеси си направивме зулум и ако не ни простиш и ако не ни се смилуваш ќе бидеме, секако, меѓу поразените.”
24. Аллах рече: “Слегувајте! Еднинадруги непријатели ќе бидете. За вас земјата ќе биде утврдувалиште и уживање ваше до едно време определено.”
25. Аллах рече: “На земјата ќе живеете и на неа ќе умрете и од неа ќе излезете!”
26. О синови Адемови, Ние ви испративме облека, секако, за да ги покриете срамните места ваши, и одела, но облеката на богобојазливоста, всушност, е најдобрата. Ете, тоа е едно од знаменијата Аллахови за да се сеќаваат.
27. О синови Адемови, нека Шејтанот не ве заведе онака како што ги изведе од Џеннетот родителите ваши, соблекувајќи ја облеката нивна за да им ги покаже срамните места. Шејтанот и неговата дружба, навистина, ве гледаат отаде од кадешто вие не ги гледате. Ние ги определивме шејтаните, секако, да бидат заштитници за оние кои не веруваат.
28. И кога ќе направат срамно дело, велат: “Ние ги затекнавме родителите наши во тоа и Аллах тоа ни го нареди. Кажи: “Аллах, навистина, не наредува срамно дело. Ќе го зборувате ли за Аллах она што не го знаете!?”
29. Кажи: “Господарот мој ми нареди праведност.” И управете ги лицата ваши, при секој намаз, кон Него, повикувајќи Го: чисти во верата Негова; како што започна со вас така и ќе заврши.
30. Едни ги упатуваше а други, со право, во заблуда ги оставаше: овие, навистина, ги земаа шејтаните место Аллаха за заштитници, мислејќи, секако, дека се упатените!
31. О синови Адемови, при секој намаз облечете се свечено, јадете и пијте, но не претерувајте. Аллах, навистина, не ги љуби претерувачите!
32. Кажи: “Кој ги забрани накитите Аллахови кои Он за робовите Свои ги вади, и добрата на ‘рскот?” Кажи: “Овие се на овој свет за оние кои веруваат, а особено на оној свет.” Ете, така Ние ги објаснуваме знаменијата за луѓето кои знаат.
33. Кажи: “Господарот мој, навистина, забрани: “Срамни дела, било да се јавни било да се тајни, и грев, и сила бесправно и да му здружувате на Аллах нешто за што Он не објави доказ, и да го зборувате за Аллах она што не го знаете!”
34. И секој народ има рок определен. Па, кога ќе дојде нивниот определен рок... та, ни за миг не ќе можат да го задоцнат а ниту да го забрзаат.
35. О синови Адемови, од вас ќе ви дојдат пејгамбери кои ќе ви ги кажуваат знаменијата Мои - та, оние кои ќе се плашат и кои ќе се поправат не ќе стравуваат и не ќе тагуваат.
36. А оние кои ќе ги сметаат за лажни знаменијата Наши и кои дрско ќе се вртат од нив - онаквите се жители на огнот и во него за навек ќе останат.
37. Па, кој прави поголем зулум од оној кој фрла лага врз Аллах или кој ги смета за лажни ајетите Негови? Онаквите ќе си го постигнат делот нивни што е определен во Книгата. А кога ќе им дојдат пратениците мелеки од Нас да им ја земаат душата, ги прашуваат: “Каде се оние до кои, освен Аллах, се повикувавте?” Ќе речат: “Ни се изгубија.” Да, против самите себеси ќе сведочат дека, навистина, беа неверници!
38. Аллах ќе рече: “Влезете во огнот заедно со народите кои беа пред вас и кои пропаднаа, и со луѓето и со џиновите. И секојпат кога ќе влезе еден народ ќе го проколнува нему сличниот; и кога ќе се најдат во него заедно потчинетите ќе им речат на властодршците: “Господаре наш, оние не скршнаа во заблуда и дај им, тогаш, двојна казна огнена.” Аллах ќе рече: “За секого имам двојна казна, но, ете, не знаете!”
39. И потчинетите ќе им речат на потчинителите: “Немавте никаква преднос над нас!” Па, вкусете ја казната за она што го спечаливте!”
40. Да, оние кои фрлаа лага врз ајетите Наши и кои дрско се вртеа од нив не ќе им бидат отворени вратите небесни, и не ќе влезат во Џеннетот пред камилата да помине низ иглени уши. Ете, така Ние ќе ги казниме силниците!
41. За нив има огнени лежаи и огнени јоргани. Ете, така Ние ќе ги казниме зулумќарите!
42. Оние кои веруваат и кои работат добри дела - а Ние никого не оптоваруваме над можноста негова - оние жители џеннетски се и во него за навек ќе останат.
43. Ние ја оттргнавме пакоста од градите нивни. Под нив ќе течат реки, и ќе речат: “Благодарение на Аллах кој не упати кон ова. Аллах да не не упатеше не ќе бевме, навистина, упатени.” И веќе им доаѓаа пејгамбери со вистина од Господарот наш, и ќе им се рече: “Тоа е Џеннетот ваш кој го наследивте за она што, токму, го работевте!”
44. Џеннетските жители ќе им довикуваат на џехеннемските жители: “Го најдовме она што ни го вети Господарот наш, навистина! А дали, пак, го најдовте она што ви го вети Господарот ваш, навистина? Ќе речат: “Да!” Па, гласникот ќе возгласи меѓу нив: “Проклетството Аллахово е врз неверниците!”
45. Оние кои одвраќаат од Аллаховиот пат и кои настојуваат да го искриват, оние, токму, во Ахирет не веруваат.
46. Меѓу нив има завеса а на Бедемите ќе има луѓе кои ќе ги познаваат луѓето по изгледот нивни. На жителите џеннетски ќе им возгласат: “Селамун алејкум!” - додека не се влезени а одвај ќе чекаат.
47. И кога погледите нивни ќе бидат свртени кон Средбата со жителите на огнот, ќе речат: “ Господаре наш, не задржувај не со народот неправеден!”
48. И жителите на Бедемите ќе ги повикуваат луѓето кои ги познаваат по изгледот нивни и ќе речат: “Ни вашето собирање ни вашата надуеност во ништо не ќе ви користат!”
49. Оние ли се за кои се колневте дека нив не ќе ги опфати милоста Аллахова? Влезете во Џеннетот! Вие не ќе стравувате и не ќе тагувате.
50. И жителите на огнот ќе им довикуваат на жителите џеннетски: “Посипајте не со вода или со нафаката што ви ја даде Аллах.” Ќе им речат: “Аллах, навистина, ова го забрани за неверниците!”
51. Оние кои ја земаат верата своја за игра и забава и кои ги завел животот на овој свет... па, нив ќе ги заборавиме на Денот онака како што заборавија на Средбата на овој нивни Ден, и ајетите Наши ги пренебрегнуваа.
52. Ние им дадовме Книга во која, секако, го објаснивме знаењето во целост: Патоказ и Милост за луѓето кои веруваат!
53. Што очекуваат освен остварување нејзино? На Денот кога ќе се обелодени Книгата оние кои заборавиле на тоа од порано ќе речат: “Веќе ви доаѓаа пејгамбери од Господарот наш со вистина. Имаме ли, тогаш, посредници кои ќе се заземат за нас или, пак, да бидеме вратени па да работиме поинаку од она што го работевме.” Секако, себеси си наштетија и се оддалечија од нив оние што ги измислуваа.
54. Господарот ваш, навистина, е Аллах кој ги создаде небесата и Земјата за шест дена, а потоа се утврди на Аршот. Он го покрива денот со ноќ, а ноќта веднаш го бара денот. И Сонцето и Месечината и ѕвездите... потчинети се на наредбата Негова. Создавањето и Наредбата се - само Негови! Славен нека е Аллах, Господарот на световите!
55. Повикувајте го Господарот ваш потчинето и скришно! Он, навистина, не ги љуби претерувачите!
56. И не правете безредие на Земјата по веќе воспоставениот ред. Повикувајте Го бојазливо и стремежливо. Милоста Аллахова, навистина, е блиску до доброчинителите.
57. И Он е оној кој го испраќа ветрот како радосница пред да дојде Милоста Негова: кога ќе ги понесе тешките облаци Ние ги управуваме кон мртвиот предел па со нив спуштаме вода, со чија помош, тогаш, вадиме плодови секакви. Ете, така Ние ги вадиме мртвите да се сеќавате!
58. Убавиот предел ги вади плодовите свои со одобрението од Господарот свој, а оној што е осквернет сосем малку дава плод. Ете, така Ние ги распоредуваме знаменијата за луѓето кои се заблагодаруваат.
59. И Нуха, секако, Ние го испративме до народот негов и рече: “Народе мој, обожавајте го Аллаха. Вие друг бог освен Него немате. Јас за вас, навистина, се плашам од казната на Денот голем!”
60. Големците од народот негов рекоа: “Да, ние сметаме дека си, навистина, во заблуда јасна!”
61. Нух рече: “О народе мој, при мене нема заблуда; јас сум, навистина, пејгамбер од Господарот на световите!”
62. Ви ги известувам пратенијата од Господарот мој и ве советувам. Од Аллах го знам она што вие не го знаете!
63. Или пак се чудите што ви дојде Спомен од Господарот ваш, преку еден човек од вас, за да ве опомене: да бидете богобојазливи... Он за да ви се смилува.
64. Па, го сметаа за лажен. А него и оние кои беа со него Ние ги спасивме во бродот. А оние кои фрлаа лага врз знаменијата Наши ги потопивме. Беа слепи луѓе, навистина!
65. А до Ад Ние го испративме Худа, братот нивни. Рече: “О народе мој, обожавајте го Аллаха. Вие друг бог освен Него немате. Зарем не сте богобојазливи?”
66. Големците од народот негов, кои не веруваа, рекоа: “Ние, навистина, сме при мислење дека си безумник и држиме дека си меѓу лашковците!”
67. Рече: “О народе мој, при мене нема безумност; јас сум, навистина, пејгамбер од Господарот на световите!”
68. Ви ги известувам пратенијата од Господарот мој и доверлив советник сум ваш.
69. Или се чудите што ви дојде Спомен од Господарот ваш, преку еден човек од вас, за да ве предупреди. Сетете се кога Он, по народот Нухов, ве определи за халифи, и кога го зголеми вашиот раст во творештвото. Па, сетете се на благодатите Аллахови за да се спасите!
70. Рекоа: “Ни дојде ли за да го обожаваме Аллаха, само Него, а да го оставиме она што го обожаваа предците наши. Дај ни го она што ни го ветуваш ако си меѓу искрените!”
71. Рече: “Паднаа врз вас, секако, од Господарот ваш и зло и гнев. Ќе расправате ли со мене за имињата со кои ги именувавте, вие и предците ваши, оние за кои Аллах не објави никаков доказ? Очекувајте, и јас, навистина, ќе очекувам со вас!”
72. Тогаш Ние ги спасивме него и оние со него со Милоста Наша. И целосно ги истребивме оние кои фрлаа лага врз ајетите Наши и кои не беа верници.
73. И до Семуд Ние го испративме Салиха, братот нивни. Салих рече: “О народе мој, обожавајте го Аллаха; вие друг бог освен Него немате. Секако, ви дојде објаснување од Господарот ваш. Оваа камила е Аллахово знамение за вас. Оставете ја да пасе по земјата Аллахова и не правете & никакво зло зашто ќе ве обземе казна болна.”
74. Сетете се кога Он, по Ад, ве определи за халифи, и кога ве насели на земјата низ чии рамнини подигавте дворови а во ридовите палати. Сетете се на благодатите Аллахови и не ширете по земјата безредие како што шират безредниците!
75. А големците кои се дуваа од народот негов на оние кои веруваа од нив, што ги сметаа слаби, им рекоа: “Знаете ли дека, навистина, Салих е испратен од Господарот негов?” - Рекоа: “Ние, навистина, веруваме во она со што е испратен!”
76. Оние кои се дуваа, рекоа: “Ние, навистина, не веруваме во она во што вие верувате!”
77. Па, ја заклаа онаа камила и се оддалечија од наредбата на Господарот свој, и рекоа: “О Салих, дај ни го она што ни го вети ако си меѓу пејгамберите!”
78. И тогаш ги шибна земјотрес; останаа во домовите свои, скаменети!
79. Па, Салих се сврте од нив и рече: “О народе мој, ви го известив само пратението од Господарот мој и ве посоветував. Но, ете, вие не ги сакате советувачите!”
80. И Лута Ние го испративме; кога рече: “О народе мој, зарем правите срамно дело кое никој пред вас на светов не го правеше?”
81. Да, вие место кон жените страстно приоѓате кон мажите. Ете и вие сте народ расипнички.”
82. Народот негов, одговарајќи, рече вака: “Истерајте ги од населбите ваши. Тоа се, навистина, луѓе кои постојано се снемуваат!”
Зададено
83. Па, Ние него и семејството негово, освен жена му, ги спасивме. И таа беше меѓу страдалниците.
84. И врз нив падна голем дожд - та, погледни каква беше казната врз силниците!
85. И до Медјен Ние го испративме Шуајба, братот нивни. Рече: “О народе мој, обожавајте го Аллаха; вие друг бог освен Него немате. Секако, ви дојде објаснување од Господарот ваш. Мерете и вагајте праведно и на луѓето не откинувајте им од стварите нивни; не сејте безредие по земјата, по веќе воспоставениот ред на неа. Ете, тоа е подобро за вас ако сте верници!
86. Не правете стапица на пат, загрозувајќи и од патот Аллахов, одвраќајќи ги оние кои веруваат во Него, а тежнејќи кон кривиот пат. Сетете се кога бевте малкумина па Он ве размножи. Погледни каква беше казната за безредниците!
87. Ако една дружина меѓу вас верува во она со што сум испратен, а друга не верува - та, стрпете се додека Аллах не пресуди меѓу нас. Он е меѓу судиите Најдобриот!