Ел-Фетх (Победа)

As-salamu Alaykum!

Bujrum, Willkommen, Welcome, Dobrodošli...

Ел-Фетх (Победа)

Naziv Kategorije Macedonian Translation
Naslov Teme Ел-Фетх (Победа)
Pokretač Teme Boots
Početni datum
Odgovora 0
Pregleda 76
Reakcije 0
Zadnji Autor Boots
Status
Tema je Zatvorena

Boots

Wiki Editor
Urednik Foruma
Moderator
Regist
11-03-2024
Poruka
5,166
Reakcije
289
Bodovi
218
СУРА

“ЕЛ-ФЕТХ” (“Победа”)

Медина - 29 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Ние, навистина, ќе ти дадеме за да извојуваш победа јасна,

2. за Аллах да ти ги прости оние гревови што ги направи и оние што ќе ги направиш, и за да го надополни благодатот негов кон тебе, и за да те упати по патот вистински.

3. И Аллах ќе те потпомогне со помошта силна.

4. Он е Оној кој спушта смирна во срцата на верниците за да го зголемат верувањето со верувањето свое. Војските на небесата и на Земјата се - Аллахови! Аллах, секако, е Зналец и Мудар!

5. И за Он да ги воведе верниците и верничките во бавчите џеннетски низ кои реки течат, и во нив за навек да останат, и за да ги отстрани од нив грешките нивни. Тоа кај Аллах, секако, е победа голема!

6. И за Он да ги казни дволичните, било мажи било жени, многубошците и многубошките, кои за Аллах лошо мислат... Нека им се врати злото! Аллах се налути на нив, ги проколна и им го подготви Џехеннемот. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

7. Војските и на небесата и на Земјата се - Аллахови! Аллах, навистина, е Силен и Мудар!

8. Ние те испративме, навистина, да бидеш и сведок, и радосник и опоменувач,

9. за да веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов, за да го помогнете, за да Го осознаете достоинството Негово, и за да Го величате и наутро и навечер!

10. Оние кои, секако, ти полагаат заклетва, полагаат заклетва и на Аллах: Раката Аллахова е над рацете нивни. Па, оној кој ќе ја прекрши заклетвата, за себеси ја прекршува. А оној што ќе го исполни она што Му го ветил на Аллах... па, ќе му се даде награда голема!

11. Бедуините кои изостанаа ќе ти зборуваат: “И имотот наш, и семејствата наши, не обзедоа... па, затоа побарај прошка за нас!” Со јазиците свои го зборуваат она што не е во срцата нивни. Кажи: “Па, кој во нешто ќе ве заштити од Аллах ако Он ви посака штета или ако ви посака корист? Но, Аллах е Известен за она што го работите!

12. Но, не! Вие помислувате дека пејгамберот и верниците никогаш не ќе им се вратат на семејствата свои и ете, тоа, ви се разубавуваше во срцата ваши. И замислувавте зли мисли и бевте народ расипнички!

13. Оној кој не верува во Аллах и во пејгамберот Негов... па, Ние, навистина, за неверниците оган подготвивме!

14. Власта и на небсата и на Земјата е - Аллахова! Он простува кому сака и Он казнува кого сака. Аллах, секако, е Простувач и Сомилосен!

15. Оние што заостанаа, кога ќе тргнете по пленот за да го грабнете, ќе речат: “Оставете не да ве следиме.” Сакаат да го изменат Говорот Аллахов. Кажи: “Никогаш не ќе не следите: тоа порано Аллах ви го кажуваше!” Па, тие ќе речат: “Но, вие ни завидувате.” Но, само малкумина сфаќаат!

16. Кажи им на бедуините што заостанаа: “Ќе бидете повикани против народот кој поседува моќ и сила; ќе се борите ли против нив или, пак, ќе ги потчините? Па, ако бидете послушни... Аллах ќе ви даде награда убава, а ако,пак, ги вртат плеќите, како што вие ги вртевте плеќите порано, Он ќе ве казни со казна болна.

17. Нема грев за слепиот, нема грев ни за бушавиот, нема грев ни за болниот... Оној кој е послушен и на Аллах и на пејгамберот Негов... Он ќе ги воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат... А оној кој ќе ги сврти плеќите... Он ќе го казни со казна болна.

18. Аллах, секако, беше задоволен од верниците кога ти положија заклетва под стеблото, и тогаш Он знаеше она што е во срцата нивни и им спушти смирна, и Он ги награди со победа блиска,

19. и со разновиден плен што го заробија. Аллах, секако, е Силен и Мудар!

20. Аллах ви вети разновиден плен што го заробивте. Но, Он побрза со тоа за вас, а рацете на луѓето ги допре во врска со вас, за тоа да биде знамение за верниците и за да ве упати по патот вистински,

21. и други, кои не бевте кадри да го заробете, но, Аллах, секако, го опфати. Аллах, навистина, е Кадар за се!

22. А да се бореа против вас неверниците ќе ги свртеа плеќите, сигурно! Потоа не ќе најдеа ни пријател ни поддржник!

23. Праксата Аллахова беше и порано... И ти никогаш не ќе најдеш во праксата Аллахова измена.

24. Он е Оној кој ги задржа рацете нивни во врска со вас, и рацете ваши во врска со нив, во срцето на Мекка, по победата ваша врз нив која Он ви ја даде. Аллах, навистина, го гледа она што го работите!

25. Оние се, токму, неверниците, и оние кои ве одвраќаа од Месџидул Харам, и ги одвраќаат курбаните жртвувани да стигнат до местата нивни. А да не беа мажи верници и жени вернички, кои вие не ги познававте... ќе ги потисневте и ќе ви се случеше од нив, без да знаете, злосторство - ете, за Аллах да воведе во милоста Своја кого сака. А тие луѓе да се одделеа Ние сигурно ќе ги казневне со казна болна... оние кои не веруваа.

26. Кога неверниците ги исполнија срцата свои со ревност, ревност џахилиетска, Аллах, тогаш, ја спушти смирната Своја врз пејгамберот Свој и врз верниците. И го обврза зборот на богобојазливоста, и беа подостојни и поблиски до Зборот Негов. Аллах, секако, знае се!

27. Аллах, навистина, ќе го оствари вистински сонот на пејгамберот Свој, за да влезете во Месџидул Харам, ако Аллах посака, безбедни, со потстрижени коси и избричани, не плашејќи се . Па, Он го знаеше она што не го знаевте и, освен тоа, одреди победа блиска.

28. Он е Оној кој го испрати пејгамберот Свој со Патоказ, и со вера вистинска за да ја изрази над сите вери. Аллах е Доволен за Сведок!

29. Мухаммед е Аллахов пејгамбер. А оние кои се со него се строги кон неверниците, а милостиви еднисодруги. Ги гледаш и на руку’ и на сеџде, како ја бараат добрината и задоволството Аллахово. Има белези на лицата нивни од трагите на сеџдето. Ете, таков беше примерот нивни во Теврат и таков беше примерот нивни во Инџил: како семе што ќе ја исфрли кората негова, ќе се зајакне, а потоа ќе се затврди врз стеблото, вчудоневидувајќи го сејачот за да се разлутат со тоа неверниците. А Аллах им вети на оние кои веруваат и кои добри дела работат прошка и награда голема!​
 
Status
Tema je Zatvorena
Islamska Pitanja

Pročitajte Još

  • Zaključano
  • Zalijepi temu
СУРЕ НАС (ЛУЃЕ) Мекка-6 ајети БИСМИЛЛАХИР РАХМАНИР РАХИМ Кул еузу би Раббин нас. Меликин нас, Илахин нас, мин шеррил весвасил хан нас, елези...
Odgovora
0
Pregleda
170
  • Zaključano
СУРЕ ФЕЛЕК (МУГРА) Медина-5 ајети БИСМИЛЛАХИР РАХМАНИР РАХИМ Кул еузу би Раб¬бил фелек. мин шерри ма халек. ве мин шерри гасикин иза векаб. ве...
Odgovora
0
Pregleda
130
  • Zaključano
СУРА “ЕН-НАС” (“Луѓе”) Мекка - 6 ајети Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен! 1. Кажи: “Се приклонувам кон Господарот на луѓето, 2. Владарот на...
Odgovora
0
Pregleda
146
  • Zaključano
СУРА “ЕЛ-ФЕЛЕК” (“Мугра”) Медина - 5 ајети Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен! 1. Кажи: Се приклонувам кон Господарот на муграта, 2. од злото...
Odgovora
0
Pregleda
183

Best Teme

Donate
Top Bottom