- Regist
- 11-03-2024
- Poruka
- 5,166
- Reakcije
- 289
- Bodovi
- 218

СУРА
ЕЛ-МАИДА (Софра)
Медина - 120 ајети
Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
1. О верници, исполнувајте ги обврските. Ви се дозволуваат домашните животни, освен она за кое ќе ви биде кажано. Не ви е дозволено да ловите додека сте во ихрами. Аллах, навистина, го определува она што го посакува!
2. О верници, не осквернувајте ги прописите Аллахови, ни светиот месец, ни курбаните - оние со ѓердани украсени, ни упатените кон Храмот свет кои ја посакуваат од Господарот свој и добрината и задоволството. А кога, пак, ќе помине времето на вашиот хаџџ дозволено ви е да ловите. А омразата што ја имате кон некои луѓе кои ве одвраќаат од Месџидул-Харам никако нека не ве натера да нападнете еднинадруги; помагајте се и во доброчинство и во богобојазливост. И не помагајте се еднисодруги во грев и во непријателство! И плашете се од Аллах! Аллах, навистина, е Жесток Казнувач!
3. Забрането ви е: и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго а не во името Аллахово, и она што е задавено и погодено, и она што е урнато, и со рог прободено, или од ѕвер начнато - освен ако го имате заклано пред да е усмртено, и она што е заклано на жртвеници, и да ја претскажувате иднината со фрлање стрели. Тоа ви е с# порок. Денес, неверниците, изгубија надеж во верата ваша; та, не плашете се од нив, туку од Мене плашете се! Денес ви ја надополнив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен сум Исламот да ви биде вера. Ако некој се најде во неволја, кога гладот мете, не сакајќи да падне во грев... па, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
4. Те прашуваат што им е дозволено, кажи: “Дозволени ви се добрата, и она што го запознавте: ловот на животните кои се за тоа поучени онака како што ве поучи Аллах. И јадете го она што оние ќе го фатат за вас, и при тоа, споменувајте го името Аллахово. Плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач!
5. Денес ви се дозволуваат добрата; дозволена ви е храната на оние на кои им е дадена Книгата, а и храната ваша е дозволена за нив. Дозволени ви се чесните жени вернички, и чесните жени вернички од оние на кои им е дадена Книгата пред вас кога ќе им ги дадете нивните венчани подароци за да се ожените а не блуд да правите со нив, и да не ги земате за љубовници. Оној кој не верува во верата, тогаш, му пропаѓа делото негово и на Ахирет ќе биде меѓу презрените!
6. О верници, кога ќе се исправите намаз да извршите, измијте ги вашите лица и вашите раце до лактовите, а главите ваши допрете ги со влажна рака, а нозете ваши до зглобовите. А ако сте џунуби, тогаш, избањајте се. А ако сте болни или ако сте на пат или ако некој од вас изврши нужда, или ако се состанете со жените а при тоа не најдете вода, - тогаш рацете ваши допрете ги на чиста земја и со нив допрете ги лицата ваши и рацете ваши. Аллах не сака да ве остави во неприлика. Он сака да ве очисти и да го исполни благодатот Свој кон вас за да бидете благодарни!
7. И сеќавајте се на благодатот Аллахов кон вас и на договорот кој го склучивте со Него кога рековте: “Слушаме и послушни сме.” Плашете се од Аллах! Аллах, навистина, го знае она што е во градите!
8. О верници, бидете истрајни во тоа и, заради Аллах, сведочете праведно. И омразата кон еден народ нека не ве натера да бидете неправедни. Бидете праведни. Праведноста е поблиску до богобојазливоста. Плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!
9. На оние кои веруваат и кои прават добри дела Аллах им вети и прошка и награда голема,
10. а оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши оние се жители џехеннемски!
11. О верници, сеќавајте се на благодатот Аллахов кон вас кога една дружина сакаше да ги пружи нивните раце над вас па Он ги запре рацете нивни. Плашете се од Аллах! Та, врз Аллах нека се потпираат верниците!
12. И Аллах веќе го прифати Договорот со синовите Исраилови. И од нив испративме дванаесет старешини. И Аллах рече: “Јас сум со вас, навистина! И ако намаз извршувате, и ако зекат давате, и ако во пејгамберите Мои верувате и ако им помагате и ако на Аллах му дадете заем добар ќе ги отстранам од вас лошотиите ваши и ќе ве воведам во бавчите џеннетски низ кои реки течат.” И кој од вас по тој договор не верува - скршнува по лошиот пат, секако!
13. И бидејќи го прекршија договорот свој, ги проколнивме и ги затврднавме срцата нивни; зборовите на договорот од некои места ги преиначија и заборавија на еден голем дел од она со што беа опоменувани. И постојано, освен мал број од нив, ќе ги гледаш како го изневеруваат Договорот. Па, прости им и оддалечи се од нив! Аллах, навистина ги љуби доброчинителите! -
14. и од оние кои зборуваат: “Ние сме христијани.” Ние го прифативме Договорот нивни. Па, оние заборавија на еден голем дел од она со што беа опоменувани. И меѓу нив Ние уфрливме и непријателство и омраза с# до Денот суден. Потоа ќе бидат известени од Аллах за она што го работеа.
15. О Следбеници на Книгата, ви дојде, секако, наш пејгамбер кој ви објаснува голем дел од Книгата - што бевте го криеле, а преку голем дел поминува. Ви дојде од Аллах Светлина и Книга јасна.
16. Со неа Аллах ги упатува кон патиштата спасувачки оние кои го следат задоволството Негово и ги изведува, со одобрението Свое, од темнина во светлина, и ги упатува по патот вистински.
17. Не веруваат, секако, оние кои зборуваат: “Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем” Кажи: “Кој може нешто да присвои од Аллах ако Он посака да го уништи Месих, синот на Мерјем и неговата Мајка и се она што е на Земјата?” Власта и на небесата и на Земјата и меѓу нив е - Аллахова! Он твори со посак Свој, и Аллах е Кадар за се!
18. И Евреите и христијаните зборуваа: “Ние сме синови Аллахови и љубимци Негови.” Кажи: “Зошто, тогаш, Аллах ве казнува за гревовите ваши?” Но не! Вие сте луѓе, од оние кои Он ги создаде. Аллах некого со посак Свој наградува, а некого, со посак Свој, казнува. Власта и на небесата и на Земјата е - Аллахова. Свратилиштето е - кон Него!
19. О Следбеници на Книгата, ви дојде пејгамбер Наш да ви објасни, по прекинот на пејгамбери, за да не речете: “Не ни дојде ни: радосник ни опоменувач.” А веќе ви дојде и радосник и опоменувач. А Аллах е Кадар за се!
20. И кога Муса му рече на народот свој: “О народе мој, сетете се на Аллаховиот благодат кон вас кога Он, меѓу вас, испрати пејгамбери и кога ве определи за владетели, и кога вам ви го даде она што не му е дадено на ниеден народ.”
21. О народе мој, влезете во Светата земја која Аллах ви ја одреди. Не повлекувајте се назад: “Па, ќе се вратите поразени.”
22. Рекоа: “О Муса, во неа се наоѓа еден народ насилнички. И Ние не ќе влеземе во неа се додека не излезат од неа. Ако излезат од неа, тогаш, Ние ќе влеземе.
23. Два човека од оние кои се плашеа, исполнети со задоволство Аллахово, рекоа: “Влезете им низ вратата. Ако влезете низ неа па, вие, навистина, победници сте! Потпирајте се, тогаш, врз Аллах ако сте верници!”
24. Рекоа: “О Муса, Ние никогаш, навистина, не ќе влеземе во неа додека се оние таму. Влезете ти и Господарот твој, и борете се. Ние овде ќе отседнеме, навистина!
25. Рече: “О Господаре, јас, навистина, владеам само со себе и со мојот брат. Направи, тогаш, разлика меѓу нас и народот расипан!”
26. А Аллах рече: “Е, таа земја им е забранета: четириесет години талкаат по земјата, па, ти не грижи се за народот расипан!”
27. И кажувај им го кажувањето сосем вистинско за синовите Адемови. Кога оние поднесоа жртва и, ете, од едниот беше примена, а од другиот не беше примена. Едниот рече: “Ќе те убијам” Рече: Аллах, навистина, ги прима од богобојазливите.”
28. Кога би ја пружил раката твоја да ме убиеш јас никогаш не би ја пружил ракава моја да те убијам. Да, јас се плашам од Аллах, Господарот на световите!”
29. Јас, навистина, сакам да го понесеш и мојот грев и твојот грев и на тој начин да станеш меѓу жителите на огнот. Ете, тоа е награда за зулумќарите!
30. И го поттикна, тогаш, страста да го убие брата си и - го уби. Па, стана еден од поразените!
31. Па, Аллах испрати еден гавран да копа по земјата за да му покаже како да го покрие голото тело на брата си. И рече: “Тешко мене! Зарем сум немоќен, како овој гавран, да го покријам телото на брат ми?” И, тогаш, се покаја.
32. И заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови дека, секако, оној кој ќе убие еден човек, кој не убил никого и кој не прави безредие по земјата... како да ги убил сите луѓе, а оној кој ќе спаси еден човек... како да ги спасил сите луѓе. Пејгамберите Наши им доаѓаа со јаснотии, и голем број од нив, по тоа, на земјата со испадите претеруваа.
33. Казната за оние кои војуваат против Аллах и против пејгамберот Негов и кои настојуваат на земјата да прават безредие е: да се убијат или да се распнат или да им се исечат и рацете нивни и нозете нивни накрсно или да се истераат од земјата. Ете, тоа е казната нивна на овој свет. А за нив на Ахирет има казна голема,
34. освен оние кои се покајаа пред да паднат под ваша моќ. Па, знајте дека Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
35. О верници, плашете се од Аллах и барајте начин на кој ќе Му пристапите, и борете се на Неговиот пат за да бидете спасени!
36. Кога сето она што е на земјава би било на оние кои не веруваат, па дури и повеќе од тоа, не би им било примено за откуп на казната на Денот суден. За нив има казна болна.
37. Ќе посакаат да излезат од огнот, а нема да излезат од него. За нив има казна постојана.
38. А на крадецот и крадливката, исечете им ги рацете нивни како казна за она што го спечалија; тоа од Аллах нека им биде надоместок. Аллах е Силен и Мудар!
39. Па, оној кој ќе се покае по својот зулум или кој ќе се поправи - па Аллах, навистина, ќе му прости. Аллах е Простувач и Сомилосен!
40. Не знаеш ли дека власта и на небесата и на Земјата е -Аллахова! Аллах некого казнува со посак Свој, а некому со посак Свој Аллах му простува. Аллах е Кадар за се!
41. О пејгамберу, нека не те загрижува делото на оние кои брзаа во неверувањето, оние кои со устите свои зборуваат: “Ние веруваме “- а не веруваат срцата нивни. И Евреите кои само лаги слушаат и кои од други слушаат а, кои, всушност, не ти доаѓаа; на некои места зборовите ги преиначуваат, зборувајќи: “Ако ви е ова дадено, тогаш, прифатете го, а ако не ви е дадено, тогаш, не прифаќајте го!” На оној што ќе го остави Аллах во неговата сплетка ти никогаш не ќе можеш било што да му осигураш од Аллах. Срцата на онаквите Аллах не сака да ги очисти. За нив на овој свет има надоместок, а на Ахирет има казна голема.
42. Слушаат само лаги многу и кои ненаситнички јадат забранета храна. Па, ако ти дојдат пресуди им или занемари ги. А ако, пак, ги занемариш, тогаш, никогаш во ништо не ќе ти наштетат, а ако им пресудуваш, тогаш, суди меѓу нив праведно. Аллах, навистина, ги љуби праведните!
43. И како можат од тебе да бараат да им пресудиш - а кај нив е Теврат во кого се наоѓа пресудата Аллахова - а потоа ги вртат своите плеќи... та, навистина, се неверници!
44. Ние, навистина, објавивме Теврат. Во Него има Патоказ и светлина. Пејгамберите според него им судеа на Евреите кои беа послушни. И рабините и побожните луѓе од кои се бараше да ја чуваат Книгата Аллахова, и за која беа сведоци. Па, не плаши се од луѓето, туку плаши се од Мене. И, тогаш, не продавај ги ајетите Мои за нешто што малку вреди. А оние кои не судат според она што го објави Аллах - та, неверници се!
45. Ние им пропишавме: живот за живот, уво за уво, око за око, заб за заб а за рана - одмазда. А на оној кој ќе се откаже од одмаздата тоа ќе му биде откуп за гревовите. Оние кои не судат според она што го објави Аллах - та, зулумќари се!
46. По трагите нивни го испративме Иса, синот на Мерјем, Потврда за она што беше меѓу нив од Теврат, и му објавивме Инџил. Во него има Патоказ и Светлина, и Потврда за она што беше меѓу нив од Теврат, Патоказ и Ука за богобојазливите!
47. И следбениците на Инџил нека судат според она што го објави Аллах во него. Оние кои не судат според она што го објави Аллах - та, расипани се!
48. И Ние тебе, секако, ти објавивме Книга со вистина, Потврда за Книгата што му се објави и нејзин заштитник. Па, суди меѓу нив според она што го објави Аллах во неа. Па, не следи ги страстите нивни, и не оддалечувај се од вистината која ти дојде. И за сите вас Ние пропишавме закон и пат. Аллах да сакаше ќе ве направеше еден народ. Но, не! Аллах сака да ве испроба за она што Он ви го даде. Еднисодруги, тогаш, предначете во добри дела зашто враќањето на сите вас води до Аллах и Он ќе ве извести за делениците ваши!
49. И суди меѓу луѓето според она што го објави Аллах. Не следи ги страстите нивни, и чувај се да не ти направат сплетка во дел од она што го објави Аллах. А ако ги свртат плеќите - та, знај дека Аллах сака да ги снајде несреќа заради некои од гревовите нивни. Мнозинството од луѓето, навистина, се расипани!
50. Судењето ли од џахилијјетот оние го бараат? А кој суди подобро од Аллах за луѓето кои се во верувањето уверени?
51. О верници, не земајте ги Евреите и христијаните за заштитници. Оние се еднинадруги заштитници. А оние кои ќе ги земат за заштитници од вас - од нив се, навистина! Аллах, секако, не го упатува народот зулумќарски!
52. Па, ги гледаш, оние кои во срцата свои имаат болештина, како се натпреваруваат во тоа. Зборуваат: “Се плашиме да не ни се сврти несреќа некаква!” А Аллах ќе донесе победа или ќе даде од Себе некаква наредба па ќе осамнат, каејќи се за она што го криеја во душите свои.
53. А верниците, пак, ќе речат: “ Оние ли се кои се колнеа во Аллах со тешка заклетва своја дека се, навистина, со вас. Делата нивни ќе пропаднат и, тогаш, ќе осамнат поразени!
54. О верници, оној од вас кој ќе отстапи од верата своја - та, Аллах ќе донесе народ што Он го љуби, и што оние го љубат: кон верниците ќе бидат милостиви, а кон неверниците ќе бидат груби; се борат на Аллаховиот пат и нема да се плашат од каков било укор на укорувачите. Ете, тоа е добрината Аллахова која ја дава со посак Свој. Аллах е Неизмерен и Зналец!
55. Заштитникот ваш, навистина, е Аллах и пејгамберот Негов и оние кои веруваат и кои намаз извршуваат и кои зекат даваат. Овие се, токму, поклониците!
56. Оној кој ќе ги земе за заштитници Аллаха и пејгамберот Негов и оние кои веруваат - та, Аллаховата дружина ќе победи!
57. О верници, не земајте ги за заштитници оние кои ја земаат верата ваша за игра, исмевање на оние на кои им беше дадена Книгата пред вас и на неверниците. Плашете се од Аллах ако сте верници!
58. И кога повикувате кон намаз - тоа го земаат за игра и исмевање. Ова е заради тоа што се луѓе кои не сфаќаат!
59. Кажи: “О следбеници на Книгата, зарем ќе ни приговарате затоа што веруваме во Аллах и во она што е објавено порано?” А мнозинството од вас се расипани!
60. Кажи: “Да ве известам ли за она што е полошо од тоа за што ќе се има казна кај Аллах? Оние врз кои ќе се исипа проклетството и лутината Аллахова, оние од кои направи мајмуни и свињи, и кои го обожаваат Шејтанот нив ги чека најлошо место, и скршнаа најдалеку по лошиот пат.”
61. А кога ќе ви дојдат, зборуваат: “Ние веруваме” - но оние влегуваат со неверство и излегуваат со неверство. А Аллах најдобро го знае она што го кријат!
62. Ги гледаш многу од нив како се натпреваруваат и во грев и во непријателство и кои го јадат она што им е забрането. Е, само колку е лошо она што го правеа!
63. Зошто рабините и побожните луѓе не ги одвраќаа од нивното зборување, грев и јадење од она што е забрането. Е, само колку е лошо она што го правеа!
64. Евреите зборуваат: “Раката Аллахова е стисната!” Стиснати се рацете нивни и нека бидат проклети за она што го зборуваат. И двете раце Негови се отворени. Он снабдува како што сака. И она што ти се објавува од Господарот твој кај многумина од нив ќе го засили насилството и неверувањето. И меѓу нив Ние уфрливме и непријателство и омраза до Денот суден. И секогаш кога ќе запалат оган за војна Аллах го гасне. На земјава настојуваат да прават безредие. А Аллах не ги љуби безредниците!
65. А, ако Следбениците на Книгата веруваат и ако се плашат Ние ќе ги отстраниме од нив злите дела и ќе ги воведеме во бавчите џеннетски благословени!
66. Да се придржуваа кон Теврат и Инџил и кон она што им е објавено од Господарот нивни сигурно би имале што да јадат од она што е над нив и од она што е под нив, навистина! Меѓу нив има умерена заедница. Но, она што многу од нив го работат е лошо.
67. О пејгамберу, кажувај го она што ти е објавено од Господарот твој. Ако тоа не го направиш, не си го известил посланието Негово. Аллах те чува од луѓето. Аллах, навистина, не го упатува народот невернички!
68. Кажи: “О следбеници на Книгата, вие не сте ништо додека не се придржувате кон Теврат и кон Инџил и кон она што ви е објавено од Господарот ваш. Она што е објавено од Господарот твој ќе го засили сигурно, кај многу од нив, насилството и неверувањето, но, тогаш, не задавај си грижа за народот невернички!
69. Оние кои веруваа и кои станаа Евреи и Сабејци и христијани ... кои веруваа во Аллах и во Денот суден и кои работеа добри дела - та, не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!
70. И Ние веќе го прифативме Договорот од синовите Израилови и им испраќавме пејгамбери. И секојпат кога им доаѓаше пејгамбер со она што не им се беендисуваше на желбите нивни... врз едни лага фрлаа, а другите, пак, ги убиваа.
71. Мислеа дека нема да има искушение; па, беа и слепи и глуви. Потоа Аллах им прости. И многу од нив, по тоа, беа и слепи и глуви. Аллах го гледа она што го работат.
72. Сосем не веруваа оние кои зборуваа: “Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем.” А Месих зборуваше: “О синови Израилови, обожавајте го Аллаха - Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој ќе Му припише здруженик, Аллах му го забрани Џеннетот и престојувалиштето негово е - огнот! Зулумќарите немаат поддржници никакви!
73. Сосем не веруваа оние кои зборуваа: “Аллах е еден од тројцата.” Нема друг бог освен еден Бог. А ако не престанат со она што го зборуваат - оние кои не веруваат од нив - за нив ќе има казна болна.
74. Не се кајат ли и не бараат ли прошка од Него? А Аллах е Простувач и Сомилосен!
75. Месих, синот на Мерјем, е само пејгамбер. И пред него поминаа пејгамбери многу. А мајката негова беше искрена. И двајцата беа јаделе храна. И погледни како Ние им ги објаснуваме знаменијата; потоа погледни како кинисуваат!
76. Кажи: “Зарем обожавате друг освен Аллах кој не може да ви донесе ни штета ни корист?” Аллах е Слушач и Зналец!
77. Кажи: “О Следбеници на Книгата, не претерувајте во верата ваша, бесправно! И не следете ги желбите на народите кои веќе порано скршнаа, а многу натераа да скршнат: и скршнаа најдалеку по лошиот пат.
78. Оние синови Израилови кои не веруваа беа проколнети и од Давуд и од Иса, синот на Мерјем. Ете, тоа заради непослушноста нивна и претерувањето нивно:
79. не престануваа во злото кое го правеа еднисодруги. Е, само колку е лошо она што го работеа!
80. Ти многу од нив ги гледаш како пријателуваат еднисодруги со неверниците. Е, само колку е лошо она што го подготвуваат за себеси! Да се исипа врз нив Аллаховиот разгнев и во казната за навек да останат!
81. Ако веруваа во Аллах и во пејгамберот и во она што им е објавено - нив не ќе ги земаа за заштитници. Но, мнозинството од нив се расипани!
82. Сигурно е дека ќе најдеш меѓу луѓето со најсилно непријателство кон оние кои веруваат, Евреите и оние кои на Аллах здруженик му припишуваа, а сигурно е дека ќе најдеш од оние кои веруваат најблиски пријатели, оние кои зборуваа: Ние сме христијани!Тоа, ете што меѓу нив има свештеници и монаси кои, навистина, не се дуваат!