Последниот Пророк: (Пророкот Мухаммед(а.с.))
„Еј Пророку! Ние, навистина, те испративме како сведок, предвесник, опоменувач, повикувач на Аллах со Негова дозвола и светлина која ја осветлува твојата околина.1
(Светиот Куран)
Пророкот на Исламот, пророкот Мухаммед Мустафа (а.с.), е слуга, пратеник и последен пророк на Аллах. Секој човек кој го прифаќа Исламот е одговорен да донесе Келиме-и Шехадет, односно да сведочи дека: „Не постои бог освен Аллах и Пророкот Мухаммед (а.с.) е слуга на Аллах и Негов пратеник”.
Нашиот Пророк, кој беше испратен како милост на световите, го доведе до милост и правда општеството кое живееше во насилство и незнаење. За време на неговата 23-годишна пророчка мисија, Тој изгради примерно Исламско општество со трпение, решителност, вера и сочувство.
Нашиот Пророк е модел на личност кој најдобро го објаснува Куранот и го рефлектира во секој момент од својот живот. Тој е најдобар пример, како за оние кои се околу него, така и за сите Муслимани преминувајки ги вековите и географиите. Уште пред да стане пророк, Тој е споменик на доблест и морал, познат како „Мухаммеду’л-Емин“ (Доверливиот Мухаммед) во Мека. Тој никогаш не отстапил од искреноста и вистинитоста, а го научил човештвото за правдата, почитувањето на човековите права и имунитети, вредноста на знаењето и важноста на консултациите.
Од кажувањата на неговите асхаби, односно верниците кои живееле со него, дознаваме дека Аллаховиот Пратеник немал граници во неговата дарежливост и помош. Во текот на својот живот, Тој никогаш не повредувал некој што бил во негова служба или пак неговата сопруга. Живееше едноставно и скромно, се лутеше кога беа прекршени Аллаховите граници и беше разбирлив, простувачки, толерантен и елегантен кон сите други. Тој беше единствена личност со своето меко срце, насмеано лице, смирувачки глас и благодарен став.
Патот до Аллах е преку приврзаност кон Нашиот Пророк и послушност кон него. За секој Муслиман, рецептот за мир на оној свет и спас во ахирет е да го сака Пророкот и да води живот во согласност со неговиот суннет.