Последниот Пророк

Исламски Tеми Последниот Пророк

Naziv Kategorije Македонски Jазик
Naslov Teme Последниот Пророк
Pokretač Teme Boots
Početni datum
Odgovora 0
Pregleda 24
Reakcije 0
Zadnji Autor Boots
Последниот Пророк: (Пророкот Мухаммед(а.с.))

„Еј Пророку! Ние, навистина, те испративме како сведок, предвесник, опоменувач, повикувач на Аллах со Негова дозвола и светлина која ја осветлува твојата околина.1

(Светиот Куран)

Пророкот на Исламот, пророкот Мухаммед Мустафа (а.с.), е слуга, пратеник и последен пророк на Аллах. Секој човек кој го прифаќа Исламот е одговорен да донесе Келиме-и Шехадет, односно да сведочи дека: „Не постои бог освен Аллах и Пророкот Мухаммед (а.с.) е слуга на Аллах и Негов пратеник”.

Нашиот Пророк, кој беше испратен како милост на световите, го доведе до милост и правда општеството кое живееше во насилство и незнаење. За време на неговата 23-годишна пророчка мисија, Тој изгради примерно Исламско општество со трпение, решителност, вера и сочувство.

Нашиот Пророк е модел на личност кој најдобро го објаснува Куранот и го рефлектира во секој момент од својот живот. Тој е најдобар пример, како за оние кои се околу него, така и за сите Муслимани преминувајки ги вековите и географиите. Уште пред да стане пророк, Тој е споменик на доблест и морал, познат како „Мухаммеду’л-Емин“ (Доверливиот Мухаммед) во Мека. Тој никогаш не отстапил од искреноста и вистинитоста, а го научил човештвото за правдата, почитувањето на човековите права и имунитети, вредноста на знаењето и важноста на консултациите.

Од кажувањата на неговите асхаби, односно верниците кои живееле со него, дознаваме дека Аллаховиот Пратеник немал граници во неговата дарежливост и помош. Во текот на својот живот, Тој никогаш не повредувал некој што бил во негова служба или пак неговата сопруга. Живееше едноставно и скромно, се лутеше кога беа прекршени Аллаховите граници и беше разбирлив, простувачки, толерантен и елегантен кон сите други. Тој беше единствена личност со своето меко срце, насмеано лице, смирувачки глас и благодарен став.

Патот до Аллах е преку приврзаност кон Нашиот Пророк и послушност кон него. За секој Муслиман, рецептот за мир на оној свет и спас во ахирет е да го сака Пророкот и да води живот во согласност со неговиот суннет.​
 

Registracija ili Prijava

Morate biti član da biste učestvovali na forumu

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Kupite ekipi kahvu

Best Teme

Islamska Pitanja
Radio BiR   Slušaj Uživo
Donate

Statistika Foruma

Tema
2,830
Poruka
5,407
Članovi
2
Zadnji
Boots
Nazad
Top Bottom