Верување во Судниот Ден (Ахирет)
„Тие (добри верници) се оние кои го извршуваат намазот и дават зеќат. Тие дефинитивно веруваат и во Судниот ден.“1
(Светиот Куран)
Ахирет е името на животот кој ќе започне по животот на овој свет и ќе трае вечно. Верувањето во Ахирет е еден од основните услови да се биде Муслиман. Постои директна и исклучително силна врска помеѓу верувањето во Ахирет и верувањето во Аллах. Бидејќи негирањето на Ахирет значи негирање на Аллах, Кој го создал светот во вид на искушување известувајќи дека овој свет е привремен го информира човештвото за постоењето на Ахирет.
Со апокалипсата и со крајот на светот, сите луѓе кои некогаш живееле ќе одговараат пред Аллах. Ќе се манифестира божествената правда, доброто и злото, угнетувачот и угнетениот, праведниот и неправедниот ќе бидат одвоени еден од друг и секој ќе ја види целосната отплата за своите дела.
Верувањето во Ахирет го подобрува чувството за одговорност. Знаејќи дека Аллах, Сопственикот на небесата и земјата, еден ден ќе побара од човекот одговорност за сите благослови и доверба што му ги дал на него, го прави човекот чувствителен. Оваа чувствителност влијае на целата комуникација на Муслиманите, од општествените односи до ставовите и однесувањата кон природата.
Дополнително, верувањето во Ахирет му овозножува на човекот да го насочи својот живот со возвишена цел и да биде посветен на добрината со фокусирање на вистинската цел. Ги остранува чувствата како лутина, завист, непријателство, омраза; Развива позитивни аспекти како што е простувањето и да се биде надежен и трпелив. Влева сила за борбота против тешкотиите во животот и одговара на потрагата по правда која ја очекува, но понекогаш не може да ја најде.
Оној кој верува во Ахирет, често се присеќава на смртта и на најдобар начин се подготвува за својот живот после смртта е најсвесниот меѓу верниците. Затоа што најдобрата инвестиција е инвестицијата направена во земјата на вечноста, која го содржи рајот.