Верување во Судниот Ден

As-salamu Alaykum!

Bujrum, Willkommen, Welcome, Dobrodošli...

Верување во Судниот Ден

Naziv Kategorije Македонски Jазик
Naslov Teme Верување во Судниот Ден
Pokretač Teme Boots
Početni datum
Odgovora 0
Pregleda 41
Reakcije 0
Zadnji Autor Boots
Верување во Судниот Ден (Ахирет)

„Тие (добри верници) се оние кои го извршуваат намазот и дават зеќат. Тие дефинитивно веруваат и во Судниот ден.“1

(Светиот Куран)

Ахирет е името на животот кој ќе започне по животот на овој свет и ќе трае вечно. Верувањето во Ахирет е еден од основните услови да се биде Муслиман. Постои директна и исклучително силна врска помеѓу верувањето во Ахирет и верувањето во Аллах. Бидејќи негирањето на Ахирет значи негирање на Аллах, Кој го создал светот во вид на искушување известувајќи дека овој свет е привремен го информира човештвото за постоењето на Ахирет.

Со апокалипсата и со крајот на светот, сите луѓе кои некогаш живееле ќе одговараат пред Аллах. Ќе се манифестира божествената правда, доброто и злото, угнетувачот и угнетениот, праведниот и неправедниот ќе бидат одвоени еден од друг и секој ќе ја види целосната отплата за своите дела.

Верувањето во Ахирет го подобрува чувството за одговорност. Знаејќи дека Аллах, Сопственикот на небесата и земјата, еден ден ќе побара од човекот одговорност за сите благослови и доверба што му ги дал на него, го прави човекот чувствителен. Оваа чувствителност влијае на целата комуникација на Муслиманите, од општествените односи до ставовите и однесувањата кон природата.

Дополнително, верувањето во Ахирет му овозножува на човекот да го насочи својот живот со возвишена цел и да биде посветен на добрината со фокусирање на вистинската цел. Ги остранува чувствата како лутина, завист, непријателство, омраза; Развива позитивни аспекти како што е простувањето и да се биде надежен и трпелив. Влева сила за борбота против тешкотиите во животот и одговара на потрагата по правда која ја очекува, но понекогаш не може да ја најде.

Оној кој верува во Ахирет, често се присеќава на смртта и на најдобар начин се подготвува за својот живот после смртта е најсвесниот меѓу верниците. Затоа што најдобрата инвестиција е инвестицијата направена во земјата на вечноста, која го содржи рајот.​
 

Brza Prijava

Morate biti član da biste učestvovali na forumu

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Islamska Pitanja

Pročitajte Još

Дова (Молитва) „И кога ќе те прашаат слугите Мои за Мене (кажи дека) Јас сум, навистина (до нив) многу блиску. Кога ќе Ми се молат им се одзивам на...
Odgovora
0
Pregleda
82
Курбан „ (На курбаните) ни месото нивно ни крвта нивна не ќе стигнат до Аллах. Само богобојазливоста ваша ќе стигне до Аллах.” (Светиот Куран)...
Odgovora
0
Pregleda
75
Аџилак (Хаџџ) „Одење на аџилак е Аллахово право за оние луѓе кои се во можност”. (Светиот Куран) Според Исламската религија, првиот дом за богослужба...
Odgovora
0
Pregleda
56
Зеќат и Милостина „Оние кои веруваат и кои работаат добри дела, кои исправно извршуваат намаз и кои даваат зеќат, нивната награда е кај Господарот...
Odgovora
0
Pregleda
50

Best Teme

Donate
Top Bottom