Дова (Молитва)
„И кога ќе те прашаат слугите Мои за Мене (кажи дека) Јас сум, навистина (до нив) многу блиску. Кога ќе Ми се молат им се одзивам на довата. Па така, нека Ми веруваат и нека Ми се одзиваат за да го пронајдат правиот пат.”1
(Светиот Куран)
Дова; тоа е искрено прибежиште на слугата кај Аллах, изразувајќи ја својата слабост пред Аллаховото величество и барајќи од Неговата милост, помош и прошка, изразувајќи ја неговата длабока љубов и почит кон Него.
Во богатото значење на светот на довата, постојат различни емоции и намери како што се заблагодарување на Аллах, изразување дека не постои ништо рамно и слично на Него, барање прошка и заштита од злото и молење за потребните благослови.
Довата е опфатно богослужение кое не е ограничено со форма и услови, кое се шири низ животот без одредено време и место. Се разбира, има моменти кога довата е прифатлива, како на пример во благословените ноќи, веднаш по задолжителните намази, во времето за Џума намаз, во денот на Арафа. Исто така, постојат места кои се интегрираат со довата како Мека, Ќабе, Арафат и Медина. Сепак, неоспорен факт е дека човек може да се моли на својот Господ во секое време и во секоја ситуација.
Довата е комуникација воспоставена помеѓу Аллах и слугата. Човекот наидува на многу проблеми во животот кои не може да ги надмине. Тој доживува ситуации како што се гнев, тага, патење, страв, немоќност, осаменост, неизлезност, болест, сиромаштија и безнадежност. Тој има потреба да се моли на Аллах, особено во неговите тешки времиња. Затоа што, надежта дека Возвишениот Аллах ќе му помогне, ја ублажува тагата на човекот и му дава сила да издржи. Но, Семоќниот Аллах не сака луѓето да се молат само кога се во неволја. Тој сака Неговата слуга да се сеќава на Него како во отсуство, така и во присуство, како во неволја така и во спокојство. Тој дури објавува со прокор во Куранот за Своите нелојални и неблагодарни слуги, кои се молеле кога се биле во неволја и го заборавиле кога наоѓале удобност.
Муслиманот му дава смисла и значење на својот живот преку довата. Со свесноста дека неговиот Господ го гледа и слуша во секој момент, тој не останува без молитва. Не се брза во довата, не очајува од прифаќањето на молитвата. Тој ја избегнува себичноста молејќи се не само за себе туку и за своите соверници. Тој внимава искрено да се моли и да го сака најдоброто од Аллах