Исламски Tеми Курбан

Trenutno čitam
Исламски Tеми Курбан

Курбан

„ (На курбаните) ни месото нивно ни крвта нивна не ќе стигнат до Аллах. Само богобојазливоста ваша ќе стигне до Аллах.”

(Светиот Куран)

Курбанот е колење на животни во одредено време кои исполнуваат одредени услови во согласност со процедурата, со цел поклонување на Семоќниот Аллах. Како и во секои ибадети, главната цел на курбанот е блискост со Аллах и Негова согласност. Затоа, курбанот е изјава за почит и потчинување на Аллах од страна на побожните слуги кои се свесни за нивните одговорности кон Него.

Курбанот е еден вид на ибадет што му е наредено на секое општество уште од Пророкот Адам. И денес Муслиманите се сеќаваат на двата сина на Пророкот Адам, Хабил и Кабил, кои беа ставени на испит на искреноста со курбаните што му ги принесоа на Аллах. Хабил, кој на најдобар начин ја послушал Аллаховата заповед и најдобро се однесувал, поминал на овој испит, а Кабил изгубил со своите љубоморни скржави ставови.

Курбанот нè потсетува исто така и на испитот за предавањето на Пророкот Ибрахим и неговиот син, Пророкот Исмаил. Кога Пророкот Ибрахим, кој се посветил на жртвување на својот единствен син Исмаил, покажал дека може да го жртвува и најскапоцениот имот на Аллаховиот пат, бил награден со овен.

Пророкот на Исламот, Пророкот Мухаммед (а.с.) секоја година колел курбан до неговата смрт, тој и неговото семејство јаделе од месото на курбаните, им го послужувал на своите пријатели и им го делел на сиромашните.

Иако зборот курбан се подразбира дека означува животни заклани за време на Курбан Бајрам, постојат различни видови на курбани како што се завет, благодарност, покајание и акика (за раѓање бебе) кои се колаат со намера да се покланат во други периоди од годината. Користењето од нивното месо има различни религиозни одредби.

Значењето на обожувањето на курбанот е сумирано во следните зборови на Пророкот:„Јас го управувам лицево како ханиф (кон вистинската вера) кон Оној Кој ги создаде небесета и земјата, и јас не сум од многубошците. Безсомнено намазот мој, обредите мои, животот мој и смртта моја се само за Аллах Кој е Господарот на световите. Тој нема Свој здруженик. Тоа ми е, ете, наредено и јас сум прв Муслиман. О мој Господару, овој курбан е од Тебе и е принесен од Мухаммед и од неговиот уммет за твоето задоволство.”

Муслиманот кој коли курбан го извршува овој ибадет за да ја послуша наредбата на својот Господ, да ги потроши благословите што ги дал на Негов пат и да се очисти. Тој ја доживува радоста да прави добро и да троши на Аллаховиот пат заштитувајќи се себе си од алчноста за богатството и скржавоста. Почнувајќи од најблиските, го насмевнува лицето на сиромашните, на оштетените и на сираците. Така, курбанот го одржува духот на братството, соработката и солидарноста во Муслиманската заедница и придонесува за остварување на социјалната правда​
 

Registracija ili Prijava

Morate biti član da biste učestvovali na forumu

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Kupite ekipi kahvu

Best Teme

Islamska Pitanja
Radio BiR   Slušaj Uživo
Donate
Top Bottom