Верување во Аллах

Верување во Аллах

Naziv Kategorije Македонски Jазик
Naslov Teme Верување во Аллах
Pokretač Teme Boots
Početni datum
Odgovora 0
Pregleda 48
Reakcije 0
Zadnji Autor Boots
Верување во Аллах

„Кој со своето срце сведочи дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, Аллах му го забранува пеколот.”1

(Пророкот Мухаммед(а.с.))

Верувањето во Аллах е главната основа на Исламот. Семоќниот Аллах е Оној Кој го создаде универзумот од ништо, го создаде и управува со целото царство на постоењето, од атомите до галаксиите. Тој е Оној Кој создава, одржува, убива и потоа одново ги оживува сите суштества, особено, човечките суштества.

Аллах е единсвениот; нема бог освен Него. Тој не е роден, никој не е го родил. Додека сè има потреба од Него; Тој нема потреба од ништо. Никој не му е равен и сличен. Тој не личи на други суштества што постоеле во минатото или што ќе постојат во иднината. Апсолутната моќ, власт, авторитет и одредба е на Аллах. Тој е жив. Сите живи суштества ќе умрат еден ден, но Аллах никогаш нема да умре, Тој ќе остане вечно. Исто како што Неговото постоење нема почеток нема и крај.

Аллах е Оној Кој гледа сè, совршено слуша и знае сè до најмалите детали. Нема ништо што е скриено од Него, што е тешко за Него, или што се случува во минатото или во иднината надвор од Неговото знаење и волја. Тој има бесконечна волја и моќ. Тој е Оној Кој простува, Кој води до патоказ и Кој е милостив. Тој е Оној Кој обезбедува храна за Своите слуги, им помага и ги штити и бдее над нив. Во исто време, Тој е Оној Кој ги скршува и казнува оние кои опстојуваат во мочуриштето на ширкот, негирањето и неверувањето.

Исламот е религија на „тевхид”. Тевхид значи да се верува во Аллах и да не му се придружува ништо. Човек кој верува со цело срце го одобрува постоењето и единството на Аллах и дека не постои нешто слично, рамно, партнер или еднакво на Него. Тој го препознава со сите Негови имиња, атрибути и уникатни карактеристики и се поврзува со Него. Ова одобрување го изразува со својот јазик и живее во оваа насока. Бидејќи должност на човекот е да верува во својот Господ, Кој го создаде, го одржа во живот и го опреми со секакви благослови.

Верувањето во Аллах е заеднички повик на сите пророци. Првиот принцип на покана за Ислам е најдоброто од она што човекот може да го направи. Во исто време, тоа е право на нашиот Семоќен Господ врз Неговите слуги.

Веруваење во Аллах бара најмногу Тој да се сака, да се почитува како што е потребно, доверувајќи да се потпира на Него во сите случаи и услови, и да се бара помош само од Него. Личноста која верува во Аллах, живее знаејќи дека Тој ја гледа и слуша во секој момент, е свесен за секој нејзин потег и дека еден ден ќе побара од неа одговорност. Таа води живот достоен за нејзината вера и ја става согласноста на Аллах на врвот на сите нејзини намери и желби. Таа наоѓа мир со својата вера и им влева мир на оние околу неа.​
 

Brza Prijava

Morate biti član da biste učestvovali na forumu

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Islamska Pitanja

Pročitajte Još

Дова (Молитва) „И кога ќе те прашаат слугите Мои за Мене (кажи дека) Јас сум, навистина (до нив) многу блиску. Кога ќе Ми се молат им се одзивам на...
Odgovora
0
Pregleda
82
Курбан „ (На курбаните) ни месото нивно ни крвта нивна не ќе стигнат до Аллах. Само богобојазливоста ваша ќе стигне до Аллах.” (Светиот Куран)...
Odgovora
0
Pregleda
75
Аџилак (Хаџџ) „Одење на аџилак е Аллахово право за оние луѓе кои се во можност”. (Светиот Куран) Според Исламската религија, првиот дом за богослужба...
Odgovora
0
Pregleda
56
Зеќат и Милостина „Оние кои веруваат и кои работаат добри дела, кои исправно извршуваат намаз и кои даваат зеќат, нивната награда е кај Господарот...
Odgovora
0
Pregleda
50

Best Teme

Donate
Nazad
Top Bottom