Гафир, 23-45

As-salamu Alaykum!

Bujrum, Willkommen, Welcome, Dobrodošli...

Гафир, 23-45

Naziv Kategorije Македонски Jазик
Naslov Teme Гафир, 23-45
Pokretač Teme Boots
Početni datum
Odgovora 0
Pregleda 67
Reakcije 0
Zadnji Autor Boots
“Јас барам, и од Господарот мој и од Господарот ваш заштита...

И Ние Муса, секако, го испративме со знаменијата Наши и со доказот јасен,

до фараонот, до Хаман и до Карун... кои рекоа: “Волшебник и лашко!”

И бидејќи им дојде со вистина од Нас, рекоа: “Убијте ги машките деца на оние кои веруваат во него, а оставете ги во живот женските деца нивни.” Но, сплетката на неверниците води само во заблуда!

И фараонот рече: “Оставете ме да го убијам Муса, па тој нека го повика Господарот свој: се плашам, навистина, да не ја измени верата ваша или да не посее безредие по земјата.”

И муса рече: “Јас барам, и од Господарот мој и од Господарот ваш заштита, и против сум горделивиот кој не верува во Денот на пресметката.”

Еден човек верник од семејството фараоново, кој го криеше верувањето негово, рече: “Ќе го убиете ли човекот кој тврди: ‘Аллах е - Господарот мој. ‘ Тој, секако, ви дојде со јаснотии од Господарот ваш. А ако лаже, лажењето ќе биде против него. А ако, пак, вистина зборува, ќе ви се случи она со што ви се заканува.” Аллах, навистина, не го упатува претерувачот и лашкото!

О народе мој, денес е власта ваша: вие сте на чело на земјава. Па, кој ќе ни помогне од неволјата Аллахова ако оваа нe
погоди?

Фараонот рече: “Јас го гледам при вас само она што го гледам. И само по патот и показот ќе ве упатам!”

А оној што веруваше, рече: “О народе мој, јас, навистина, се плашам за вас, од нешто слично на денот на оние кои се разединија,

слично на случајот со народот на Нух, на Ад и на Семуд и оние што беа по нив. Аллах не им посакува зулум на робовите!

О народе мој, јас, навистина, се плашам за вас од Денот на повикувањето еднинадруги,

Ден во кој ќе ги вртите плеќите. За вас, освен Аллах, ќе нема избраник, а оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него нема упатувач!

И порано Јусуф, секако, ви дојде со јаснотии. Па, постојано бевте при сомнение во она со што ви дојде. И штом си замина од овој свет, рековте: “Аллах нема да испрати пратеник по него!” Ете, така Аллах го скршнува во заблуда оној што претерува и сомнителот,

оние кои расправаат за ајетите Аллахови без никаков нивни јасен доказ, зголемувајќи ја омразата и кон Аллах и кон оние кои веруваат. Ете, така Аллах го запечатува секое срце на горделивиот и силникот!

Фараонот рече: “О Хаман, изгради ми една кула за да можам да се вишнам низ скалите нејзини,

скалите на небесата... Па, да се вишнам до богот на Муса, а јас, секако, мислам дека тој е лашко.” И ете, така му се разубави на фараонот злоделото негово и беше оддалечен од Патот. Сплетката на фараонот е само страдање!

И оној што веруваше пак рече: “О народе мој, следете ме, јас ќе ве упатам по Патот и по Показот!

О народе мој, животот на овој свет, навистина, е само уживање, а Ахирет, секако, е Куќата на постојаноста!”

Кој ќе направи зло ќе биде казнет соодветно на тоа, а кој, пак, ќе направи добро, било да е машко или женско, а верник е... па оние ќе влезат во Џеннетот во кој ќе бидат снабдени без мера!

И уште: О народе мој, што ви е, јас ве повикувам кон спасот, а вие ме повикувате кон огнот!
Ме повикувате да не верувам во Аллах и да Му здружувам здруженик, за кого не знам ништо. А јас ве повикувам кон Силниот и Простувачот!

Беспрекорно! Ме повикувате, секако, кон она за што не може да се повика ни на овој свет ни на Ахирет. Ние, навистина, ќе Му се вратиме на Аллах, а расипниците,токму, се жители на огнот.

Па, ќе се сетете на она што ви го зборував, а јас мојата работа Му ја препуштам на Аллах. Аллах, навистина, ги гледа робовите!”

И Аллах го сочува од лошотиите што му ги правеа, и ќе се оствари пакосната казна кон семејството фараоново:


(Гафир, 23-45)​
 

Brza Prijava

Morate biti član da biste učestvovali na forumu

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Islamska Pitanja

Pročitajte Još

Дова (Молитва) „И кога ќе те прашаат слугите Мои за Мене (кажи дека) Јас сум, навистина (до нив) многу блиску. Кога ќе Ми се молат им се одзивам на...
Odgovora
0
Pregleda
82
Курбан „ (На курбаните) ни месото нивно ни крвта нивна не ќе стигнат до Аллах. Само богобојазливоста ваша ќе стигне до Аллах.” (Светиот Куран)...
Odgovora
0
Pregleda
75
Аџилак (Хаџџ) „Одење на аџилак е Аллахово право за оние луѓе кои се во можност”. (Светиот Куран) Според Исламската религија, првиот дом за богослужба...
Odgovora
0
Pregleda
56
Зеќат и Милостина „Оние кои веруваат и кои работаат добри дела, кои исправно извршуваат намаз и кои даваат зеќат, нивната награда е кај Господарот...
Odgovora
0
Pregleda
50

Best Teme

Donate
Top Bottom