Македонски Превод Ел-Џасие (На Kолена)

Status
Tema je Zatvorena

Boots

Urednik
Urednik Foruma
Regist
11-03-2024
Poruka
3,400
Reakcije
81
Bodovi
216
СУРА
ЕЛ-ЏАСИЕ (“Hа Kолена”)

Мекка- 37 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!



1. Ха, Мим!

2. Книга која се објавува од Аллах, Силен и Мудар!

3. На небесата и на земјата, навистина, има знаменија за верниците!

4. И во создавањето ваше и во животните што Он ги растури има знаменија за луѓето кои цврсто се уверени.

5. И во измената на ноќта и денот и во она што Аллах го спушти од небесата, ‘рскот, со што ја оживува земјата по мртвилото нејзино, и во управувањето на ветровите... во тоа има знаменија за луѓето кои сфаќаат.

6. Ете, тоа се ајетите Аллахови кои Ние ти ги кажуваме со вистина. Па, во кој говор по Аллаховиот и ајетите Негови тие веруваат?

7. Тешко на секој лашко и грешник!

8. Ги слуша ајетите Аллахови што му се кажуваат, потоа станува горделив, ете,како да не ги слушнал. Па, зарадувај го со казната болна!

9. А ако сознае нешто од ајетите Наши ќе го обзеде исмевање. За нив има казна срамна.

10. Зад нив е и Џехеннемот. Во ништо не ќе им користи она што го спечалија. И оние кои прифатија други пријатели освен Аллах. За нив има казна голема!

11. Ова е Патоказот, а за оние кои не веруваат во знаменијата на Господарот свој... за нив има болна, казна неподнослива.

12. Аллах е Оној кој ви го потчини морето за бродот да плови со наредбата Негова, и да ја побаруваат добрината Негова, и да бидете благодарни!

13. И Он ви го потчини и она што е на небесата и она што е на Земјата, се заедно! Во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!

14. Кажи им на оние кои веруваат да им простат на оние кои не се надеваат на деновите Аллахови во кои луѓето ќе се наградат според она што го спечалија:

15. кој ќе направи добро дело за себеси ќе го направи, а кој ќе направи зло дело, против себеси ќе го направи. Потоа кон Господарот ваш ќе се вратите!

16. А на синовите Израилови Ние, секако, им дадовме Книга, и мудрост и пратеништво, и Ние им дадовме од ‘рскот, од добрата, и ги одликувавме над другите!

17. И Ние им дадовме јаснотии за Нердбата. И се разединија веднаш по дојденото им знаење, завидувајќи еднинадруги. Господарот твој, навистина, ќе пресуди меѓу нив на Денот суден за она за што, токму, станаа деленици.

18. Потоа, што се однесува до наредбата, Ние одредивме да одиш по Патот голем и, тогаш, следи го, а не следи ги страстите на оние кои не знаат!

19. Оние, навистина, во ништо не ќе ти користат кај Аллах. Зулумќарите се пријатели еднисодруги. А Аллах е Пријател на богобојазливите!

20. Ова се очигледности за луѓето, и Патоказ и Милост за луѓето
кои цврсто се уверени.

21. Или: Мислат ли оние кои заронија во злодела дека Ние ќе ги изедначиме со оние кои веруваат и кои добри дела работат... дека се исти животите нивни и умирањата нивни. Е, само колку лошо просудуваат!

22. И Аллах ги создаде небесата и Земјата со вистина. И секоја душа ќе биде наградена според она што го спечалила, и ним не ќе им се направи неправда!

23. Не го виде ли оној кој за свој бог ја зема страста своја, кого Аллах во заблуда го скршна, знаејќи, и кому му го запечати и слухот негов и срцето негово, а пред опулот негов завеса постави. Па, кој ќе го упати по Аллах? Не се сеќавате ли?

24. И зборуваат: “Животот е само на овој свет наш. И умираме и живееме, а она што не ништи е само времето.” Ете, оние за тоа не знаат ништо. Така само си замислуваат!

25. А кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, доказ нивни е само ова кажување: “Донесете ги предците наши ако сте искрени!”

26. Кажи: “Аллах ве оживува, потоа Он ве усмртува, потоа ќе ве збере на Денот суден во кој нема сомнение.” Но, мнозинството на луѓето не знаат!

27. Власта и на небесата и на Земјата е - Аллахова! А Денот во кој ќе се случи Часот, на Денот тој, ќе бидат поразени оние кои невистини измислуваат.

28. И ќе го видиш секој народ на колена; секој народ ќе биде повикан според Книгата своја. Денес ќе бидете наградени за она што го работевте!

29. Ова е Книгата наша која вистина ќе ви зборува. Ние, навистина, го бележивме она што го работевте!

30. Што се однесува до оние кои веруваат и кои добри дела работат... па, Господарот нивни ќе ги воведе во милоста Своја. Ете, тоа ви е победа јасна!

31. А што се однесува, пак, до оние кои не веруваат: “Нели ви се кажуваа ајетите Мои, па се надувте и бевте народ насилнички?”

32. И кога ќе се речеше: “Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина, и Часот во кој, секако, нема сомнение,” - зборувавте: “Не знаеме што е тоа Час? Ние само се сомневаме и ние не сме убедени во тоа.”

33. И ќе им се прикажат злоделата нивни што ги правеа и ќе им се овистини она што го исмеваа.

34. И ќе се рече: “Денес Ние ќе заборавиме на вас како што вие заборавивте на Средбата на овој Ден ваш; огнот е престојувалиштето ваше и за вас нема поддржници.

35. Ете, тоа ви е зашто ги исмевавте знаменијата Аллахови и што ве обзеде животот на овој свет.” Па, денес не ќе бидат изведени од огнот а ниту, пак, од нив ќе се бара да се извинат.

36. Па, благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на небесата, Господарот на Земјата и Господарот на световите!

37. Величијата и на небесата и на Земјата се - Негови! Он е Силен и Мудар!​
 
Status
Tema je Zatvorena

Best Teme

Istaknute Teme

Best Resursi

Nazad
Top Bottom