- Regist
- 11-03-2024
- Poruka
- 3,400
- Reakcije
- 81
- Bodovi
- 216
СУРА
“ЕН-НЕБЕ’” (“Кажување”)
Мекка - 40 ајети
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!
1. За што тие еднисодруги се прашуваат?
2. За кажувањето големо
3. за кое оние, токму, станаа деленици!
4. Но, не! Ќе узнаат,
5. и пак: Но, не! Ќе узнаат, сигурно!
6. Нели Ние одредивме земјата да биде постела,
7. а брдата столбови?
8. И Ние ве создадовме во парови,
9. и спиењето ваше Ние за почивка го одредивме,
10. а ноќта, пак, Ние како облека ја одредивме,
11. а денот, пак, Ние како храна го одредивме,
12. и над вас Ние седум силни изградивме,
13. и светилката што свети Ние ја поставивме,
14. и од облаците Ние вода ви спуштаме,
15. и со помош нејзина Ние дадовме да никнат и семе и растение,
16. и бавчи испреплетени!
17. Денот на Одлуката, навистина, е веќе одреден,
18. Денот во кој ќе се дувне во Сурлата, па ќе доаѓаат во дружини,
19. а небото ќе се отвори, и врати многу ќе има,
20. и брдата ќе се потресат и прашина ќе станат!
21. Џехеннемот, навистина, е во заседа,
22. за угнетувачите место на враќање,
23. и во Џехеннемот за навек ќе останат,
24. и не ќе вкусат ништо ладно, ни напивка некаква,
25. освен жешка вода, смрдлива,
26. како награда соодветна!
27. Оние, навистина, не се надеваа на Сметката,
28. и ги сметаа за лажни, лажејќи, ајетите Наши,
29. и секоја работа Ние ја пребројавме и во Книгата ја внесовме!
30. Па, вкусете! Казната само со казна ќе ја зголемуваме!
31. За богобојазливите, навистина, има победа:
32. градини и лозја,
33. и девојки, со години исти
34. и пехари полни!
35. Во Џеннетот не ќе слушаат ни зборови празни ни лага.
36. Награда ќе биде тоа од Господарот твој, подарок неизмерен,
37. од Господарот на небесата и на Земјата и она што е меѓу нив, од Милостивиот, и оние не ќе можат ни да Му се обратат,
38. на Денот во кој Џибрил и мелеките ќе стојат во редови, и не ќе зборуваат освен оној кому ќе му дозволи Милостивиот, и вистина ќе зборува.
39. Ете, тоа е Денот вистински. Па, кој сака може да најде засолниште кај Аллах.
40. Ние, навистина, ве опоменавме за казната блиска, за Денот во кој човекот ќе го гледа она што го направија рацете негови, и кога неверникот ќе рече: О тешко мене! Само земја да станев!