Исламски Tеми Оној кој го негира Куранот

Boots

Urednik
Urednik Foruma
Regist
11-03-2024
Poruka
3,411
Reakcije
81
Bodovi
216
Бисмиллах ал рахман ал рахим

Аллах тебараке ве те ала вели:

وَمَن يَكْفُرْ بِهِ مِنَ الأَحْزَابِ فَالنَّارُ مَوْعِدُهُ

…На оној кој не верува во неа (Куранот), меѓу дружините за него огнот е престојувалиштето негово... (Худ 17)

Тоа се однесува до сите луѓе меѓу многобошците, неверниците, евреите, христијаните и други, без разлика на бојата на кожата, изглед и пол, кој че го проучи Куранот откако стигнал кај нив.Тој (те ала) вели:

لأُنذِرَكُم بِهِ وَمَن بَلَغَ

Да ве опоменувам со него, вас и оние на кои им е сопштен. (Ел-Енам 19)

قُلْ يَا أَيُّهَا النَّاسُ إِنِّي رَسُولُ اللّهِ إِلَيْكُمْ جَمِيعًا

Кажи: О луѓе, јас сум, навистина, пратеникот ваш- за сите.(Ел-Араф 158)

Во Муслимовиот Сахих Ебу Муса ел-Ешари (радијаллаху анху) пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем рекол:

“Се колнам во Оној во чии раце е мојава душа секој човек било да е тој христијанин или евреин кој ќе слушне за мене и моето пратеништво а потоа не ќе поверува ќе стигне во Џехеннем(Пекол)”

Ебу Ејјуб ес-Сихтијани пренесува дека Сеид бин Џзубејр рекол:

“Никогаш не сум го слушнал хадис од Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, а да не го најдов дека Куранот го потврдува. Слушнав дека Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем рекол:

“Се колнам во Оној во чии раце е мојава душа секој човек било да е тој христијанин или евреин кој ќе слушне за мене и моето пратеништво а потоа не ќе поверува ќе стигне во Џехеннем(Пекол)”

Се прашував самиот себеси:” Каде ова го потврдува Куранот?” На крајот го најдов овој ајет:

وَمَن يَكْفُرْ بِهِ مِنَ الأَحْزَابِ فَالنَّارُ مَوْعِدُهُ

…На оној кој не верува во неа (Куранот), меѓу дружините за него огнот е престојувалиштето негово... (Худ 17)

Автор: Imâm Ismâ´îl bin Kesîr ed-Dimeškî

Извор: Tefsîr el-Kur’ân el-´Azîm (2/574) Mu’assasah ar-Risâlah, 1422/2001​
 

Brza Prijava

Morate biti član da biste učestvovali u diskusiji

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Best Teme

Istaknute Teme

Best Resursi

Nazad
Top Bottom