- Regist
- 11-03-2024
- Poruka
- 3,395
- Reakcije
- 81
- Bodovi
- 216
СУРА
“ЕЗ-ЗАРИЈАТ” (дувачи)
Мекка - 60 ајети
Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
1. Се колнам во дувачите кои дуваат,
2. и во носачите кои носат тешко,
3. и во пливачите кои пливаат лесно,
4. и во споделувачите на наредбата дека
5. она што ти се ветува е - вистина,
6. дека ветувањето, секако, ќе се случи!
7. Се колнам во небото, испресечено со покази,
8. дека вие, навистина, различно зборувате,
9. и од него се одвраќа оној кој веќе се одвратил!
10. Нека пропаднат лашковците,
11. кои се вглавени во незнаење, и уште рамнодушни!
12. Велат: “Кога ќе биде Денот суден?
13. Оној Ден кога во огнот ќе се пржат.
14. Вкусете го сплеткарењето ваше. Па, кон ова вие, токму, брзавте да дојдете.
15. Богобојазливите, навистина, ќе бидат во бавчите џеннетски, меѓу изворите,
16. и ќе го земаат она што ќе им го рече Господарот нивни. Оние пред тоа беа, навистина, доброчинители,
17. само малку во ноќта спиеја,
18. и во мугрите, токму, прошка бараа,
19. а во имотите свои, пак, имаше дел и за питачите и за непитачите.
20. А на земјата има знаменија за верниците,
21. а и во вас самите - не гледате ли?
22. И на небото е ‘рскот ваш и она што ви се ветува.
23. Па, се колнам во Господарот на небесата и на Земјата дека тоа, сигурно, е вистина слична на она што вие, токму, го зборувате!
24. Ти дојде ли кажувањето за почитуваните гости на Ибрахим,
25. кога влегоа кај него и рекоа: “Селам!” - а тој одговори: “Селам! О луѓе, непознати!
26. Па, скришно појде кај семејството свое и, ете, дојде со теле здебелено;
27. и тогаш го приближи до нив, и рече: Нема ли да јадете?
28. И почувствува од нив страв. Рекоа: Не плаши се!” И го зарадуваа со дете учено,
29. па, се покажа жена му, плачејќи и удирајќи се по лицето свое, и рече: “Како јас? Стара и неротка!?”
30. Рекоа: “Ете, така рече Господарот твој. Он, навистина, е Мудар и Зналец!”
31. А Ибрахим рече: “А за што е вашето обраќање, о пратеници?”
32. Рекоа: “Ние сме, навистина, испратени до народот насилнички,
33. за да им испратиме камења од стврдната глина;
34. тоа е одредено кај Господарот твој за расипниците.”
35. Ете, од тоа Ние верниците ги избавивме,
36. и ете, само една куќа од Послушните најдовме;
37. и во неа Ние оставивме знамение за оние кои стравуваат од казната болна;
38. и за Муса, кога Ние го испративме до фараонот со доказ јасен,
39. и ете, фараонот ги сврти плеќите и рече: “Маѓесник или луд!”
40. Па, така, него и војската негова, Ние ги фативме и во морето ги потопивме; тој самиот се осуди на пропаст.
41. И за Ад, кога Ние им испративме ветар што суши:
42. и кај што помина ништо не остави, а да не биде како каменолом.
43. И за Семуд, кога им беше речено: “Уживајте до едно време определено!”
44. Па, се оглушија од наредбата на Господарот свој и, ете, Ние ги погодивме со страшен глас, и останаа само гледајќи.
45. Па, не можеа ни да се исправат, а ниту, пак, да им се помогне.
46. А и на народот на Нух, порано. Тој беше, навистина, народ расипнички!
47. И небото Ние го подигнавме со моќта Наша, сигурно! И што уште можеме да направиме!
48. И земјата Ние ја проширивме. Е, само колку е личен Оној што ја прошири!
49. И од секое нешто Ние создадовме пар за да се сеќавате!
50. “Побрзајте кај Аллах. Јас сум ви од Него, секако, опоменувач јасен.
51. И не здружувајте Му на Аллах друг бог. Ја сум ви од Него, навистина, опоменувач јасен.”
52. Ете, така беше: Не им доаѓаше ниеден пејгамбер и на оние пред нив а да не речеа: “Маѓесник или луд!”
53. Тоа ли еднинадруги во наследство го оставаа? Не, тоа беше народ насилнички.
54. Па, бегај од нив и, ете, нема да бидеш осуден на пропаст.
55. И потсетувај, потсеќавањето, пак, им користи на верниците!
56. И џиновите и луѓето Ние ги создадовме само да Не обожаваат.
57. Не барам од нив ‘рск некаков и не барам да Ме нахранат.
58. Аллах, навистина, е Хранител, Моќен и Тврд!
59. Па, оние кои зулум направија ќе ги снајде, навистина, казна слична на другарите нивни... па, нека не ја забрзуваат од Мене!
60. Тешко на оние кои не веруваат во Денот нивни што им се ветува.