Исламски Tеми Пораки од Ајету-л-Курсијј

Boots

Urednik
Urednik Foruma
Regist
11-03-2024
Poruka
3,395
Reakcije
81
Bodovi
216
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!

ПОУКИ И ПОРАКИ ОД АЈЕТУЛ-КУРСИЈЈ

اللَّهُ لَا إِلَٰهَ إِلَّا هُوَ الْحَيُّ الْقَيُّومُ ۚ لَا تَأْخُذُهُ سِنَةٌ وَلَا نَوْمٌ ۚ لَهُ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَمَا فِي الْأَرْضِ ۗ مَنْ ذَا الَّذِي يَشْفَعُ عِنْدَهُ إِلَّا بِإِذْنِهِ ۚ يَعْلَمُ مَا بَيْنَ أَيْدِيهِمْ وَمَا خَلْفَهُمْ ۖ وَلَا يُحِيطُونَ بِشَيْءٍ مِنْ عِلْمِهِ إِلَّا بِمَا شَاءَ ۚ وَسِعَ كُرْسِيُّهُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ ۖ وَلَا يَئُودُهُ حِفْظُهُمَا ۚ وَهُوَ الْعَلِيُّ الْعَظِيمُ

Аллаху ла илахе илла хувел хајјул кајјум, ла те'хузуху синетун ве ла невм, леху ма фис семавати ве ма фил ард, мензеллези јешфеу илла би изних ја'лему ма бејне ејдихим ве ма халфехум, ве ла јухитуне би шеј'ин мин илмихи илла би ма шае, весиа курсијјухус семавати вел ард, ве ла јеудуху хифзухума ве хувел алијјул азим.

Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот! (Ел-Бекаре, 255)

Поуки од ајетот:


1. Ајетул-Курсијј е највозвишен ајет во Аллаховата Книга.

2. Доказ за оценавање на одредени кур'ански ајети над други.

3. Вредност на говорот за тевхидот-Аллаховата единственост.

4. Потврдување на тевхид ел-улухијје.

5. Името „Аллах“ е најголемо име на Бога.

6. Сите Аллахови имиња говорат за Аллах, Едниот и Единствениот.

7. Нема вистински бог освен Аллах.

8. Потврдување на Аллаховото име „Ел-Хајј-Живиот“.

9. Потврдување на целосниот живот на Аллах, живот на кој не Му предходеше смрт ниту пак ќе Му настапи смрт.

10. Потврдување на Аллаховото име „Ел-Кајјум-Одржувачот на се“. Тој е Оној кој опстојува самиот за Себе и Кој сите други ги одржува во животот.

11. Обврска на верникот му е во сите прашања да се врати на својот Господар бидејќи Аллах е Тој Кој го одржува и на човекот.

12. Негирање на Аллах дремење и спиење бидејќи тие представуваат дефект а Аллах е далеку од сите дефекти.

13. Обврска негирање за Аллах на секое својство во кое има дефект.

14. Аллах не се опишува со дефекти бидејќи Тој е целосен и совршен.

15. Аллаховите својства се делат на својства кои потврдуваат и својства кои негираат.

16. Негирање на Аллах неспособности.

17. Големина на Аллаховите власти.

18. Се е во Аллаховите раце.

19. Сите луѓе се сиромашни пред Аллах.

20. Потврда на шефа'атот на Судниот ден после Аллахова дозвола.

21. Целосност на Аллаховите власти кога никој не смее да се завзема ниту да преговара се додека Аллах не дозволи.

22. Потврда на Аллаховиот говор. Тој Возвишениот кога сака, како сака и со кого сака.

23. Сеопфатност на Аллаховото знаење.

24. Аллах познава се што било, што постои моментално, што ќе биде во иднина и познава она што не постои дека постои како би изгледало.

25. Неисправност на ставот на кадериите и рафидиите кои кажуваат дека Аллах не знае за нешто се додека тоа не се случи.

26. Опоменување на гревовите и непослушност на Аллах бидејќи Аллах се гледа.

27. Човек од знаење поседува само она што Аллах го подучил па поради тоа во довите треба само од Аллах да се бара знаење.

28. Потврда на Аллаховата желба.

29. Големината на Аллаховите Курсијја кој е повисок од небесата и на Земјата.

30. Аллах не се замара со одржување на небесата и Земјата.

31. Аллах со ништо не се замара поради Негови целосности, огромни сили и големини.

32. Неисправност зборовите на оние кои Курсијј го коментираат Аллахова моќ или Аллахово знаење.

33. Потврда на Аллаховата возвишеност во секој поглед.

34. Стимулирање на самопресметка бидејќи на Аллах ништо не Му е сокриено.

35. Потврда за големината на Алах.​
 

Brza Prijava

Morate biti član da biste učestvovali u diskusiji

Registracija

Kreirajte svoj nalog

Prijava

Prijavite se ovdje

Best Teme

Istaknute Teme

Best Resursi

Nazad
Top Bottom